Научете турски

Научете турски

1.Во моментов, историските и културните врски како и економските и трговските односи меѓу Република Турција и другите земји е на завидно ниво поради тоа странците покажуваат голем интерес да учат турски јазик како странски јазик, турскиот јазик многу брзо се шири низ целиот свет. Исто така со зголемување на бројот на студентите  се акумулира богато искуство на тоа поле.

Со оснивањето на Институт Јунус Емре Турски Културни Центри во повеќе држави во светот сите кои сакаат да учат турски како странски јазик истото можат да го направат во сопствената држава.

Курсевите по турски јазик организирани во Инстит Јунус Емре Турски Културни Центри, се темелат врз принципите на учењето на странски јазици според светски стандарди, според препораки и заедничка европска рамка за опредување на нивоата на познавање и учење на странски јазик. Курсистите во текот на курсот ги кортистат технолошките можности, се со цел да бидат квалификувани и подготвени да одговорат на потребите на современите методи за искористување на наставните материјали.

Во културните центри покрај општи курсеви за јазик, деловен турски, курсеви за превод, Турски јазик за туризам, исто така се одржуваат и курсеви за деца и курсеви од  различни области; успешните курсисти имаат можност да учествуваат на “Летно школо по турски јазик”. Во рамките на овие активности Студентите имаат можност на пракса, како и запознавање на Турција и традиционалната турска култура.

2.Го Учиме Светот да Зборува Турски 

Од 2009 година, околу 26.000 студенти на нашите Турски Културни Центри научиле Турски јазик. Надвор од Културните Центри курсеви по турски јазик се организираат за војниците, вработените во банка, бизнисмени (деловен турски јазик ), посебни групи курсеви да деца и за студентите од катедрата по Туркологија. Во прилог на ова исто така ги поддржуваме со неопходен наставен материјал за курсистите и наставниците од курсевите по турски јазик организирани од страна на разни Невладини Организации.

Во преден план се индивидуалните способности на учениците

Во образовниот систем, при формирање на групите во предвид се земаат индивидуалните способности на студентите, воедно приоритет се дава на потребите и интересот на апликантите организираме посебни курсеви според барањата на курсистите. При создавање на групите, со цел да се зголеми ефикасноста на наставниот процес во предвид се земаат целите за ичување на турскиот јазик , потребата, возраста, како и нивото на образование на самите курсисти.

Работиме по современи методи за изучување на јазик

На курсевите по турски јазик организирани од страна на Јунус Емре Турски Културни Центри, се применуваат основните принципи и препораки дадени во заедничката европска рамка за учење на странски јазик. Во текот на целиот курс студентите многу често ги користат расположливите технолошки капацитети.

За успешно совладување на  јазикот во часовите се вклучени практични вежби, вокабулар

Студентите од сите нивоа со цел да се зајакне она што го научиле организираме разни “Клубови за говорење”. Надвор од часовите и испитите, клуб за говорење каде секој курсист може да заборува и да дискутира на различни теми, целта на практична работа е студентите преку интерактивен приод дополнително да допринесуваат во совладувањето на јазикот.

Активности за читање на книги,

Дел од развојна активност за унапредување на јазични вештини е преку театрален пристап надвор од редовните часови најмалку еднаш во неделата со времетраење од еден час организираме дополнителни активности за “Читање на книги”.

Часовите се збогатени со разновидни едукативни материјали

Часовите по турски јазик се реализираат во училници каде клупите се подредени во вид на “У” буквата во секоја група има 8-16 курсисити. Часовите се организирани на начин да во секој поглед им одговара на потребите и барањата на курсистите, опремени со  богата содржина на наставни материјали погодни за користење на современи методи; учебници, работни книги, водичи за наставници, книги и друг вид на литературни текстови, книга со збогатена содржина т.к.н. (Z-Kнига); интерактивен речник, тематски речник со слики, картички за илустративни разговори, јазични постери како и аудиовизуелни наставни материјали.

Учењето на странски јазик не познава граници, простор и време 

Од целиот свет од ден на ден се повеќе се зголемува побарувачката за изучување на  турскиот јазик. Посебно голем е бројот на кандидати кои покажуваат интерес за онлајн учење на турски јазик , за таа цел почнавме да подготвуваме и да нудиме пакет програми со кое достојно би одговариле на сите барања за онлајн учење на турскиот јазик.