Влезете на Тест

Влезете на Тест

1. Што е (TYS) Испит за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик ? 

Поединци, странски државјани кои турскиот јазик го учат како странски јазик или како мајчин јазик доколку сакаат да дознат за нивото на владеење на турскиот јазик може да аплицираат на испитот од меѓународен карактер, организрана од страна на Јунус Емре Институтот, со кое се утврдуваат основните јазични вештини на кандидатот.

2. Кој се може да полага (TYS) Испит за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик ?

За лица кои турскиот јазик е странски јазик, странските студенти за да можат да  аплицираат и да се запишат на Универзитетите во Турција неопходно е да поседуваат Сертификат за ниво на владеење на турскиот јазик, овластени судски преведувачи кои сакаат да поседуваат Сертификат за ниво на владеење на турскиот јазик, секој кој сака да дознае за нивото на познавање на турскиот јазик може да го полагаат испитот ТУЅ.

3. Зошто е потребно да се полага испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик ?

Тестот за определување на ниво на владеење со турскиот јазик, е посебен со кое се добива Сертификат за определување на нивото на владеење со јазикот. Секој успешен кандидат со Сертификатот за владеење со турскиот јазик, при запишување на  Универзитетите во Турција може да бидат ослободени од подготвителна настава на турски јазик; во многу интервјуа за работа, без да се полагаат било какви испити на турски јазик може да докажете и да потврдите нивото на владеење на јазикот, истото ќе ви биде од полза и за академски цели во вашата кариера.

4. Како се аплицира за Испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик ?

Секој поединец лично може да аплицира во Јунус Емре Институтот во Анкара, или во Јунус Емре Институт Турски Културни Центри во странство.

5. Која е содржината на испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик?

Испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик е испит според важечки меѓнародни стандарди со кое се мерат четри вештини “читање, слушање, пишување и зборување (независен говор, конверзација)”. За кандидатите кои ќе бидат успешни во сите четри вештини читање, слушање, пишување и зборување им се доделува Сертификат за ниво на владеење на турскиот јазик.  

6. Од колку прашања се состои  испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик?

Испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик се состои од; читање 40, слушање 30, пишување 2, независен говор 1, конверзација 7 поени, вкупно 80 прашања.

7. На кој начин се спроведува испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик?

Испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик се одржува во две сесии. На 1 дел од испитот кандидатите; одговараат на прашањата од делот читање, слушање, и пишување; во 2 дел следува независен говор и конверзација.

8. Времетраење на испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик?

Времетраењето на испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик е; читање 60, слушање 45, пишување 60, независен говор 5, конверзација 10 пoени, сите прашања се решаваат во рок од 80 минути.

9. Колку пати во годината се спроведува испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик?

Испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик се одржува; 3 пати во текот на годината во јануари, мај и септември. Испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик истовремено се спроведува во; Јунус Емре Институтот во Турција и во Јунус Емре Институт Турски Културни Центри во странство.

10. Каде може да се види примерок од испитот за проверка на ниво на владеење на турскиот јазик?

Примерок од ТУЅ испитот достапен е на следниов линк: www.turkcesinavi.com