Амбасадорот на Р.Т. во Скопје г-ѓа Тулин Еркал Кара го посети основното училиште „Санде Штерјоски“

Yazıcı-dostu sürüm

Амбасадорот на Р.Т. во Скопје г-ѓа Тулин Еркал Кара го посети основното училиште „Санде Штерјоски“. Амбасадорката Кара која со огромен интерес беше пречекана при посетата, се сретна со учениците кои следат настава по турски јазик при училиштето и со наставниот кадар на О.У. „Санде Штерјоски“. Почитуваната амбасадорка при нејзиниот говор на средбава го истакна следново:„Одржувањето настава на неколку јазици во едно училиште го рефлектира богатството на училиштето. Ова богатство го увидов во основното училиште Санде Штерјоски. Многу ме задоволува фактот што се одржува настава на три јазици. Јас сум родена во странство и основното образование го завршив во странство. Ова богатство го немав увидено таму. Гледам дека лицата на децата се насмевнати. Овде е зачувано ова богатство и би сакала да им се заблагодарам на македонските власти за ова. Институтот Јунус Емре Скопје додели 250 книги за училиштето. Воедно, оваа поддршка ќе продолжи и во иднина. Македонија е наша пријателска земја. Ќе продолжиме да им помогнеме и да ги поддржеме нашите пријатели. Им благодарам на наставниците и на училиштето“. Амбасадорката одговарајќи на прашањата на новинарите, го изрази следново: „По повод настанот Час по турски приказни, од страна на Институтот Јунус Емре Скопје и подари 250 книги на училиштето. По тој повод и ние го посетивме училиштето и ќе разговараме за проблемите со кои се соочува училиштето и ќе се обидеме да најдеме решение за истите и да го поддржеме училиштето. Ние како амбасада сакаме да бидеме присутни насекаде каде што живеат нашите сограѓани и сонародници и да најдеме решениа за нивните проблеми“.

Почитуваната  амбасадорка која придружена од делегацијата премина во салата каде се одржа настанот „Час по турски приказни“, овде при обраќањето кој 800-те ученици и нивните родители присутни по повод споменатиот настан, изјави: „Првин би сакала да ви го честитам 23 Април – Меѓународниот ден на детето. Сакам да истакнам дека ми претставува особено задоволство што ја имам приликата да учествувам на овој настан при што заедно со вас ќе имаме можност да ги следиме нашите народни приказни кои се дел од нашата еминентна култура пренесена од генерации до генерации и кои испреплетени со вековните вредности и искрените чувства на нашата цивилизација се наследиле од нашите деца. Македонија како еден културен мозаик, на целиот свет му дава на знаење дека е можно различностите да живеат во благосостојба и толеранција. Додека нашите сонародници кои се значан дел на овој мозаик, вечно ја зајакнуваат врската помеѓу нашата земја и Македонија“.