Елиф Чаглар одржи концерт во Македонија

28/11/2017

Едната од најдобрите џез музичарки на Турција Елиф Чаглар, во рамки на 18. Есенски Музички Свечености во главниот град на Македонија Скопје, во Дом на АРМ го одржа својот концерт. Настанот беше поддржан од страна на Институтот Јунус Емре.

Елиф Чаглар придружена од оркестарот составен од Чагри Сертел (пијано), Волкан Хурсевер (контрабас) и Едиз Хафизоглу (тапани) на концертот ги перформираше незаборавните дела на турската музика, маестрално комбинирајќи ги истите со џез елементи.

На концертот присуствуваа Пратеникот при Собрание на Р.М. Енес Ибрахим, Координаторот на ТИКА во Скопје Ајтекин Ајден, Ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет Проф.Др. Исмаил Коџајусуфоглу, Генералниот Извршен Директор на Халкбанк А.Д. Скопје Билал Суџубаши, членот на Извршниот Комитет на Халкбанк А.Д. Скопје Томче Тасевски, Претставникот на Фондацијата Маариф во Македонија Мустафа Диллиоглу, Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, Директорот на Дипломатска Академија при Министерство за надворешни работи на Р.М. Аделина Марку.