Г-дин Јалчин ТОПЧУ го посети Јунус Емре Институтот-Турски Културен Центар Скопје

Yazıcı-dostu sürüm

Во рамките на активностите на „Недела на Турски Филмови-Македонија“ Главниот Советник на Претседателот на Република Турција, Почитуван Г-дин Јалчин ТОПЧУ и Пратеникот на Бела Партија од Орду, Почитуван Г-дин Метин ЃУНДОГДУ, во заедничка придружба на Нејзината Екселенција Амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Г-ѓа Тулин Еркал КАРА го посетија Јунус Емре Институтот-Турски Културен Центар Скопје.

Во разговор со Вработените во Јунус Емре Институтот-Турски Културен Центар Скопје со Почитуваниот Г-дин ТОПЧУ, Директорот на Јунус Емре Турски Културен Центар Скопје, Почитуван Г-дин Фуат КОРКМАЗ сподели информации за работата на Институтот, образовните активности на турски јазик и активностите поврзани со културата и уметноста. Во секоја прилика при посета на една држава Почитуван Г-дин ТОПЧУ ги посетува и Јунус Емре Културните Центри во рамките на Јунус Емре Институтот и притоа истакна дека „Настаните и активностите кои што ги организира Институтот се импресионистички“.

По посетата на Јунус Емре Турскиот Културен Центар во Скопје, Г-дин ТОПЧУ ги посети Агенцијата Анадолија во Р. Македонија, ТРТ и седиштето на ТИКА -Турска Мегународна Агенција за соработка и развој кои исто така се наоѓаат во Скопје.