Институтот „Јунус Емре" донираше книги на Катедрата за турски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

05/04/2018

Под покровителство и со поддршка на Амбасадорот на Р.Т. во Скопје, почитуваната Тулин Еркал КАРА, од страна на Институтот Јунус Емре Скопје за библиотеката на Катедрата по туркологија при еден од најзначајните универзитети на Македонија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, се порадија вкупно 1050 книги од областите на турска историја, турска литератуја, турски јазик и туркологија. На настанот одржан по овој повод во библиотеката на споменатата катедра учествуваа Амбасадорот на Р.Т. во Скопје, почитуваната Тулин Еркал КАРА, Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Др. Шемсеттин Шекер, како и професори од Катедрата по туркологија. Почитуваната амбасадорка при настанот имаше пријателски разговор со професорите и студентите од катедрата, при што истакна дека Македонија е значајна земја за Република Турција и дека и понатаму ќе продолжат сличните поддршки кон Катедрата по туркологија при еден од најзначајните универзитети во Македонија. Ценетата амбасадорка воедно додаде дека во насока на барањата на професорите и студентите, преку Институтот Јунус Емре Скопје ќе продолжат разните поддршки и во иднина. Додека Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Др. Шемсеттин Шекер истакна дека подарените книги се избрани со особено внимание кон професорите и студентите во рамки на Турски јазик и Туркологија и додаде дека ова ќе им овозможи поуспешни студии на студентите. Директорот Шеќер воедно рече дека верува оти ова ќе им овозможи и на професорите и истражувачите од оваа област да си го прошират обемот на нивните истражувања.