„Концерт Хиџаз 4 - Дворска музика од Румелија"

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот Јунус Емре Скопје, преку организираниот концерт со наслов „Хиџаз 4 - Дворска музика од Румелија", ја сретна личноста која има реализирано многу значајни академски дела од областа на балканската турска музика и која своите музички компетенции ги има докажано и теорички и практично во многу области на музиката, познатиот уметник на иснтрументот канун – Џенгиз ИБРАХИМ и неговиот оркестар со љубители на музиката од Македонија.

На концертот организиран на 14 октомври – петок со поддршка на Институтот беа изведени еминентни дела на балканската турска музика како Хиџаз Таксими, Ускудара Гидер Икен, 1001 Геџе, Осман Беј, Јине Бир Ѓулнихал и Шејх Садеттин Сирри.

Воедно македонската солистка Ана МИТКОСКА преку испеаните дела како Туркуаз, Фајтон и Андалуз допринесе во приредување на незаборавна музичка вечер на љубителите на музиката од Скопје.