Поетска вечер во чест на писателот Сабит Јусуф

Yazıcı-dostu sürüm

„Книжевните сребди“ кои се организираат во рамките на Институтот Јунус Емре и во кои од самиот почеток во 2014-та до денешницита беа опфатени многу еминентни автори, писатели и поети како Јунус Емре, Мевлана, Јахја Кемал, Фахри Али и др. продолжуваат со ист интензитет.

Последното име од авторите чии дела и достигнувања беа евалуирани на последната од „Книжевните средби“ на кои студентите од катедрите на турски јазик при различни универзитети од Македонија и љубителите на литературата ги надградуваат нивните знаења за турскиот јазик, култура, историја и цивилизација, беше познатиот новинар, поет и писател од Гостивар – Сабит ЈУСУФ.

На средбата организирана во Културно-уметничкото здружение Сабит Јусуф – Гостивар, со учество на неговиот син Илкер ЈУСУФ и Ректорот на Меѓународниот Универзитет Визион Проф. Др. Фадил Хоџа беше разговарано за личноста, книжевноста и литературните достигнувања на ценетиот писател.

Преку оваа прилика им се заблагодаруваме на ценетите учесници Проф. Др. Фадил ХОЏА и Г-дин Илкер ЈУСУФ за нивниот значаен удел, како и на управата и претставниците на Културно-уметничкото здружение Сабит Јусуф – Гостивар за дадената поддршка во организацијата на овој настан.