Претставување на програмата на Фестивалот Скопско Лето 2017 со учество на Омер Фарук ТЕКБИЛЕК

Yazıcı-dostu sürüm

На Прес конференцијата која се одржа 20 Јуни 2017 год. во главниот град Скопје беше презентирана програмата за овогодинешниот Фестивал Скопско Лето 2017 со учество на Градоначалникот на Град Скопје, Почитуван Г-дин Коце ТРАЈАНОВСКИ, Почитуван Г-дин Омер Фарук ТЕКБИЛЕК, претставник од Фестивалот Скопско Лето Почитувана Г-ѓа Елизабета КУЗМАНОВСКА и Директорот на Фестивалот Почитуван Г-дин Мирко Стефановски.

Прес конференцијата покажа голем интерес од страна на јавноста Г-ѓа Елизабета сподели информации за овогодинешното 38-мо издание на Фестивалот Скопско Лето кој ќе трае 40 дена и во чија програма се опфатени повеќе од 50 активности и настани, исто така сподели дека со придонес и поддршка на Институт Јунус Емре – Турски Културен Центар Скопје гостува светски познатиот музичар Омер Фарук ТЕКБИЛЕК.

Градоначалникот на Град Скопје Почитуван Г-дин Коце ТРАЈАНОВСКИ истакна дека на Фестивалот ќе учествуваат ценети уметници од 16 различни држави кои придонесуваат за остварување на фестивалот Скопско лето за што голема благодарност изрази до Почитуваните Амбасадори на земјите учесници нагласувајќи дека со богатата содржина на Фестивалот Не очекува топло и пријатно Скопско лето.

Директорот на Фестивалот, Мирко СТЕФАНОВСКИ сподели информации за програмата, особено истакна дека за отворањето на фестивалот и учеството на светски познатиот музичар Омер Фарук ТЕКБИЛЕК голем придонес има Институт Јунус Емре – Турски Културен Центар Скопје до кого ја изрази својата благодарност.

Фестивалот Скопско лето како организација која опфака широки размери учеството на отварањето на еден ваков престижен фестивал претставува особено задоволство за Г-дин Омер Фарук ТЕКБИЛЕК кој воедно истакна дека музиката и танцот ќе ги зближи лугето на едно место и благодарение на тоа лугето меѓусебно уште подобро и полесно ќе се разберат едни со други.