Реализиравме уште еден настан „Час по Турски Приказни“ во Струга

Yazıcı-dostu sürüm

Проектот „Час по турски приказни“ кој што го започнавме 2016 година со реченицата ... Си било еднаш, многу одамна..., продолжува и оваа година.
Институтот Јунус Емре-Турски Културен Центар Скопје во рамките на проектот „Час по турски приказни“ кој е наменет за децата кои ја следат програмата по турски јазик во Р.Македонија и оваа 2017 година својот втор час го одржа заедно со учениците од Основно Училиште Браќа Миладиновци-во Струга.

Настанот е посветен за малите слушатели кои поминаа еден незаборавен ден со приказните на Педагог Асли Гедизли. Приказните кои учениците претходно ги слушнале за Насрадин Оџа и Келоглан имаа можност да ги споделат пред своите другари.

За големата поддршка и придонесот во реализирањето на овој настан изразуваме голема благодарност до драгите наставници, воедно голема благодарност упатуваме до Почитуваната Педагог Асли Гедизли и до малите ученици за заедничкото изминато време исполнето со забава.