Се одржа премиерата на филмот “Бугдај” на Семих Капланоглу во Скопје!

Yazıcı-dostu sürüm

Во рамките на 16. издание на фестивалот Синедејс кој се одржува во периодот од 9-19 ноември 2017 и во кој Претседател на жири е Семих Капланоглу, во Кино Милениум - Скопје се одржа проекцијата на филмот “Бугдај”.

Пред проелцијата на филмот, директорот на Институтот Јунус Емре др. Шемсеттин Шекер и Семих Капланоглу ги поздравија присутните. Др. Шекер во своето обраќање го истакна следново: “Денес сме домаќини на едниот од најзначајните турски режисери Семих Капланоглу и на неговата лирска поезија пренесена на белото платно, филмот Бугдај. Среќни сме што ја имаме можноста да го угостиме и што со вас го сретнуваме последното од неговите врвни уметнички достигнувања, филмот Бугдај”.

Додека Капланоглу го истакна следново:”Секогаш е убаво да се биде во Балканот. Импресивен е фактот што и во денешницата продолжува нашата суштинска култура на овие краишта. Им благодарам ма Синедејс и Институтот Јунус Емре Скопје за нивното гостопримство”.

Филмот кој е создаден во Турција, САД и Германија и кој третира теми од идното време во кое се движи приказната, со својата духовна димензија допре до срцата на гледачите.

На настанот учествуваа Координаторот на ТИКА во Скопје Ајтекин Ајден, Рекорот на ИБУ Проф. Др. Исмаил Коџајусуфоглу, Главниот советник за трговски прашања при Амбасада на Р.Т. Скопје Бунјамин Кутлу, Советникот за верски прашања при Амбасада на Р.Т. во Скопје Мурат Алкан, Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, Претседателот на Здружение Енсар Проф. Др. Сулејман Баки, академици, претставници на медиуми, претставници на невладиниот сектор и голем број граѓани.

 

Се одржа средбата до Семих Капланоглу на која се разговараше за филмот Бугдај

Средбата започна со поздравното обраќање на Директорот на Институтот Јунус Емре Др. Шемсеттин Шекер. 
На средбата Семих Капланоглу го објасни процесот на продукција и општата проекција во врска со филмот. Капланоглу го истакна следново: “ Сите вери спаѓаат во моето поле на интерес. Исламот ги прифаќа сите пророци. Во Коранот се спомнати многу случки на пророкот Мојсеј. И патувањето на Ерол и Џемил во филмот е инспириран од случката на Мојсеј и Хидр. Оваа случка често пати е коментирана од многу исламски мислители во минатото. Јас го избрав коментарот на Ибн Араби во Фурус и врз основа на тоа кe создадов мојата приказна... Верувам дека светот е текстови не се обраќаат само на минатото туку дека се актуелни и во денешницата.
Суштината на човекот не може да биде само историски елемент...”

Капланоглу ги одговори и прашањата на присутните.