Се одржа свеченост на која се доделија сертификатите по османско-турски јазик

16/05/2018

Се одржа свеченост на која се доделија сертификатите по османско-турски јазик

Поради интензивните барања се организираа курсеви по османско-турски јазик во Скопје и Штип, при што на 21 курсист му се додели сертификат за присуство и успех. На свеченоста директорот на Институтот Др. Шемсеттин Шекер: „ Јазикот е темелно средство кое служи за да се разбере една цивилизација, а со ова се сложуваат и самите научници. Нашата поврзаност со оваа географија  т.е со овие земји има седум вековно минато зад себе. За време на овие седум века приближно шест векови, со севкупното наше материјално и духовно богатство ние сме на овие простори. Нашето присуство се манифестира во јазикот, архитектурата, во традицијата, како и во многу други области во кои сите имаме прилика да сведочиме на тоа присуство. За време на тие шест века токму турскиот јазик бил заеднички јазик за народот кој живее на овие простори. Во тој период турскиот јазик, поточно османско-турскиот јазик во секаква форма бил распространет,. Во тие векови за да се разбере турската цивилизација и култура токму оснманско-турскиот јазик бил од најголема корист.

Ние како Јунус Емре Институт во културниот центар во Скопје и во нашето катче во Источна Македонија, Штип годинава организиравме курсеви по османско-турски јазик на почетно и средно ниво.  Се надеваме дека следната година ќе започнеме со курсеви на напредно ниво. За врските помеѓу Турција и Македонија да застанат на цврсто тло на овие курсеви имаме за цел да обучиме кадар кој на правилен и вистинит начин ќе го анализира јазикот, културата, минатото и историјата на овие две држави и кадар кој сето тоа ќе и го пренесе на јавноста. Несомнено, правилното и вистинито објаснување на историјата, јазикот и културата ќе овозможи збогатување на Македонско-Турските врски. Ние се трудиме и се надеваме на помошта од Аллах.“ рече.

Професорот Др. Мехмет Гедизли кој ги одржува часовите по османско-турски јазик даде информации во врска со содржината на курсот: „Во учебната 2017-2018 година започнавме со реализација на часови по османско-турски јазик на основно и средно ниво. Учениците  научија без потешкотии да читаат текстови од 20тиот век и текстови од 19тиот век со помош на речник. За часовите по османско-турски јазик важно е да се знае турскиот јазик, но студентите кои присуствуваат на курсот истовремено имаат шанса од друга гледна точка да се запознаат со богатството на турскиот јазик. Граѓаните на Република Македонија и Република Турција кои до пред минатиот век беа граѓани на една држава учејќи го осмаснко-турскиот јазик добиваат можност да се запознаат со приказните на своите дедовци од пишани документи. Курсистите не само од професионална гледна точка туку и со посебна заинтересираност и куриозитет сакаат да го научат османско-турскиот јазик.“

Курсистите истакнаа дека го учат османско-турскиот јазик со цел турскиот јазик и книжевност, историјата, културата и уметноста да ги изучат од точни извори. Покрај курсистите и членовите на медиумите покажаа заинтересираност за овој настан.