Се отвори изложбата ''Доживувањата на бегалците''

Yazıcı-dostu sürüm

Во главниот град на Македонија, Скопје, во историскиот Чифте Амам се одржа инаугурацијата на изложбата со наслов „Доживувањата на бегалците“ одржана под покровителство на Амбасада на Р.Т. во Скопје, во организација на Институтот Јунус Емре Скопје и со придонесот на Anadollu Agency и Корпорација Турска Радио Телевизија.

Изложбата организирана од страна на Институтот Јунус Емреa Скопје тргнувајќи од мислата дека освен Турција, од другите држави беше занемарена поддршката кон бегалците, и со цел на промовирање на поддршката и овозможените услови од страна на Турција кон бегалците, намерува преку фотографиите и инсертите експонирани во оваа изложба да ја обзнани помошта на Република Турција кон погодените, која преку разните нејзини институции им овозможи безбедност, сместување, здравствени, образовни и социјални услови на бегалците од разните краишта на светот.

Изложбата која има за цел да ги сподели тажните животи на бегалците од разни области почнувајќи од Сирија до Ирак, од Турција до Грција, од Балканот до бангладешско – араканската граница со јавноста во Македонија, актуализирајќи ги трогателните доживувања на бегалците намерува да го привлече вниманието на општествената сензибилност на Балканот и пошироко кон оваа човечка трагедија.

Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Др. Шемсеттин Шекер при своето обраќање на инаугирацијата на изложбата „Доживувањата на бегалците“истакна дека и покрај тоа што во денешницата споменатата тема од страна на светската јавност не е третирана на соодветен начин, сепак во реалноста постои еден сериозен проблем на бегалците и додаде дека кризата на бегалците не е доволно актуалицирана во актуелноста на светот. „За жал земјите од светот, па дури и голем број на народите на светот се слепи и неми на оваа настаната ситуација. Ние како Турција, како и во минатото така и во денешницата сме доследни на нашата традиција и го правиме потребното. Секогаш се обидуваме да им излеземе во пресрет на луѓето не само во границите на Турција туку и во Азија, Африка, Америка и останатите краишта на земјата, кои поради разни причини како војна, природни катастрофи, глад или немаштија биле принудени да ги напуштат нивните земји“ рече Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје, кој потцрта дека во денешницата низ светот постојат повеќе од 100 милиони бегалци кои поради разни причини како војна, природни катастрофи, глад или немаштија биле принудени да ги напуштат нивните земји и кои се засолнати во разни краишта на светот.

Др. Шемсеттин Шекер, истакнувајќи дека Турција мобилизирајќи ги сите свои можности, со сите свои институции застанува на страната на сите погодени и угнетени без притоа да врши било каква дискриминација на верска, етничка или расна основа, го додаде следново: „Во таа насока може да се каже дека Турција и надежта на сите погодени, угнетени и сиромашните, така ќе биде и во иднина“.

Шекер истакнувајќи ја важноста на изложбата, рече: „Преку оваа изложба целиме да вниманието на нашите пријатели во Македонија и на јавноста на Македонија да го привлечеме кон оваа рана на светот која постојано крвари. Темата на бегалција е проблем кој треба да го реши целото човештво. Се надеваме дека преку оваа изложба која ќе биде отворена во следниве 8 дена ќе успееме да ги привлечеме вниманието кон оваа заедничка драма на човештвото“.

Уредникот на новини на македонски и албански јазик на новинската агенција Anadollu Agency Аднан Идриз истакнувајќи дека фотографиите и инсертите од објективот на АА сведочат за доживеаниот бол и кризата на мигрантите при војните кои се случуваат во Сирија и во останатите земји на Блискиот Исток, го кажа следново: „ Anadollu Agency беше‘гласот на обезгласените’ кој маките на бегалците ги обзнани на светот. Пренесувањето на доживувањата на сите лица изложени на тиранизам и маките доживеани при ‘патувањето кон надежта’ на бегалците, воедно претставува одговорност за нас“.

Претставникот на ТРТ во Скопје Бунјамин Шахин при неговото обраќање на инаугурацијата на изложбата велејќи дека медиумите ја претставуваат совества на јавноста, го истакна следново: „При изложбата ќе имате можност да видете што значи угостување на 3,5 милиони бегалци. Како што ќе видете и на видео инстертиве, тие бегалци не се угостени во калливи услови, туку од страна на Турција им се обезбедени болници, облека, училишта, градинки со највисоки стандарди“.

На изложбата на која учествуваа и претставници на институции и установи како Високиот комесаријат за бегалци при ОН и турската Црвена полумесечина, кои соработуваат во рамки на бегалската криза, присуствуваа и голем број на посетители.

На инаугурацијата на изложбата учествуваа Министерот без ресор при Влада на Р.М. Аксел Ахмедовски, Советникот за култура при Влада на Р.М. Цветанка Ласкова, Координаторот на ТИКА во Скопје Ајтекин Ајден, Ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет проф.др. Исмаил Коџајусуфоглу, Рекотор на Меѓународниот Универзитет Визион проф.др. Фадил Хоџа, Директорот на Музеј на Македонија Гордан Николов, Директорот на Национална Уметничка Галерија  Дита Старова, Претседателот на турската партија ТМБХ Ердоган Сарач, Директорот на Агенцијата за реализирање на правата на заедниците при Министерство за култура на Р.М. Илхан Рахман, Директорот за Македонија на Фондацијата МААРИФ Мустафа Диллиоглу, Генералниот Извршен Директор на Халкбанк А.Д. Скопје Билал Суџубаши, Генералниот Претседател на Сојузот на турски невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, Уредникот на емисии на турски јазик при МТВ Ерхан Хасип, претставникот на СОС Детско Село Срѓан Ахмет, професори, новинари, студенти и граѓани.

Изложбата составена од 41 фотографија на Anadollu Agency и 5 видео инсерти на Anadollu Agency и Турска Радио Телевизија која намерува да ги обелодени макотрпните животи на бегалците, во следниве 8 дена во историскиот Чифте Амам ќе биде отворена за посетителите и јавноста.