Со проектот „Час по турски приказни“ сме во Ресен

Yazıcı-dostu sürüm

"

Институтот Јунус Емре Скопје, последниот настан од проектот „Час по турски приказни“ за 2017-та година го реализираше на 12 декември 2017 - понеделник во О.У. „Мите Богоевски“ - Ресен.

На настанот презентиран со расказите на педагогот Асли Гедизли децата од Ресен си поминаа незаборавни мигови. Учениците кои ги слушаа приказните на Насредин Оџа и Келоглан, имаа прилика и приказните научени во училиште.

На крајот на настанот на учениците им беа подарени и книги со приказни издадени од Институтот Јунус Емре, како и боенката на Неџати Зекерија „Што јадат буквите?“ издадена од издавачката куќа Јени Балкан.

Им благодариме на директорката на О.У. „Мите Богоевски“ Шејла Далип и на педагогот Асли Гедизли за нивниот удел во организација на настанот.

"