Темата на Книжевни разговори „Животот и делата на Јазиџизаде Мехмет Ефенди“

Yazıcı-dostu sürüm

На 25 април 2018 на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на Катедрата за Турски јазик и книжевност во водство на Шефот на катедрата почитуваниот Проф. Др. Октај Ахмед беа реализирани Книжевни разговори на тема познатиот поет, писател и мистик кој остави длабоки траги во турската литература од XV век под наслов: „Животот и делата на Јазиџизаде Мехмет Ефенди“.

 На почетокот на овој настан директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Др. Шемсеттин Шекер во својот говор истакна дека целта на Книжевните разговори кои Институтот се труди да ги организира на различни места и во различни градови е книжевен и интелектуален развој на студентите од Катедрите за Турски јазик и книжевност. Овие настани се организираат само еднаш во месецот иако тој посакува тоа да може да биде секоја недела. Директорот додаде и дека секој петок во Институтот се огранизираат Студентски разговори наречени „Вљубени во турскиот јазик“.

Шемсеттин Шекер кој вели: „Секое книжевно дело и секој лик помалку или повеќе претставува огледало на периодот во кој живее. Ова е добро позната точка. На пример, за да се разбере турската модернизација Намик Кемал, а пак за да се разбере периодот на и по конституционализмот треба добро да се познава Мехмет Акиф. Постојат и дела и личности кои излегуваат од рамките на својот период и успеваат да влијаат на цела една ера. Тоа се уметници како Јунус Емре, Мевљана, Хаџи Бекташ Вели, браќата Јазиџизаде Ахмед Биџан и Јазиџизаде Мехмед, Фузули, Баки, Караџаоглан, Нефи. Овие уметници истовремено имаат и одлики на основачи. Тие се имиња кои имаат голем удел во основањето на заеднички чувства и идеи во Азија, Африка и на Балканот.“ пренесе и дека делото кое во последно време се заборава, „Мухаммедијје“  на Јазиџиоглу Мехмет Ефенди со посебна мелодија и на себе својствен начин протегајќи се на Исламска географија од Кашгар до Виена по Кур’ан и Керим е едно од најчитаните дела како и дека до скоро било дел од чеизот на младите девојки. Др. Шекер потсети и дека една од целите на Книжевните разговори е да се спречи заборавањето на вака важни дела, па така неодамна Институтот на Катедрата за Турски јазик и книжевност и подари 1050 книги. За крај директорот истакна дека катедрата е од голема важност и дека Институтот Јунус Емре Скопје ќе продолжи во секој поглед да ја поддржува истата.

Во продолжение шефот на Катедрата за Турски јазик и книжевност Проф. Др. Октај Ахмед покрај Јазиџизаде Мехмет Ефенди споменувајќи ги и другите турски мистици премина на главното. Проф. Др. Октај Ахмед даде детални информации за животот и делото на Јазиџизаде Мехмет Ефенди. Јазичните и книжевни карактеристики на делото „Мухаммедијје“ ги објасни почнувајќи со одбрани стихови од истото. На присутните им ја објасни бесконечната важност на ова дело за турското општество. Проф. Др. Октај Ахмед објасни дека 15тиот век е период во кој моќта на Османлиската Држава забрзано расте, се оформува Турската заедница во Анадолија и со освојувањето на Истанбул во 1453та година преминува во империја. Овој век претставува период на многу важни достигнувања на различни полиња во турската литература.  Јазиџизаде Мехмет бил зачетник на оформувањето на Турско-Исламската лична карта на османлискиот турски народ во Анадолија и автор на делото „Мухаммедијје“ кое зема место меѓу новите дидактички дела. Проф. Др. Октај Ахмед истакна дека ова дело е меѓу најпознатите и најчитани дела на Јазиџизаде Мехмет Ефенди како и дека е убав пример од религиската книжевност од 15тиот век. „Мухаммедијје“ се наоѓало во домовите на муслиманските турски семејства посебно во Анадолија па дури е познато и дека се читало како Мевлид. Исто така за важноста на ова дело говори и тоа дека било читано и на Балканот. Професорот разговорот го заврши повторно читајќи од прекрасните стихови на Мехмет Ефенди. 

На овие Книжевни разговори присуствуваа Советникот за економија на Амбасадата на Република Турција во Скопје Ѓурсел Гезер, Ректорот на Универзитетот Визион Проф. Др. Фадил Хоџа, Проф. Др. Назим Ибрахим, наставниот кадар на катедрата: Сена Ариф, Фатима Хоџин, Др. Мехмет Гедизли, Др. Мустафа Саид Кијмаз, лектори од Меѓународниот Балкански Универзитет заедно со студентите од катедрата и другите гости. На крајот на настанот во библиотеката на катедрата се организира коктел за присутните.