“Вечер на почит во чест на еминентни личности“ во Македонија

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот Јунус Емре во Скопје (ЈEE) организираше "вечер на почит " во главниот град Скопје за водечките македонски поети, писатели, уметници и научници.

На свечената вечер посветена во чест на еминентните личности како Ферид Мухиќ Пратеник во Владата на Македонија, Влада Урошевиќ, Луан Старова и Лидија Кумбараџи Богоевиќ.  Учествуваа Македонскиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, Директор на ЈЕЕ Институтот во Скопје Др.Шемсеттин Шеќер, претставници на турските институции и организации во земјата, парламентарци, академици и други почесни гости.

Односите со Турција се продлабочуваат

Македонскиот министер за култура Алаѓозовски, оваа активност е важна од аспект на воспоставување на блиски културни врски со Турција воедно претставува релевантен доказ за  продлабочување на културната соработка меѓу двете земји. Министерот Алаѓозовски меѓудругото истакна дека, културните односи меѓу двете земји имаат длабоки корени во заедничката историја. Заедно со ЈEE, обезбедуваме едно општество за сите граѓани на Македонија.

“Да сакаме, за да бидеме сакани…”

Пратеник во владата на Македонија Ферид Мухиќ уште еднаш ја потенцираше уникатната мисла  на Јунус Емре "Да сакаме за да бидеме сакани...", тој со неговата славна мисла ги поврзува луѓето меѓусебе.

Мухиќ рече дека; градот Скопје заслужува да организира вакви ретки активности, “Бидејќи тука не станува збор само за толеранција, туку станува збор за соживот на различни етникуми, различни религии, различни култури кои живееле заедно повеќе од 500 години и така оставиле длабоки корени ".  

Запознавајќи ја Турција ја познаваме и Македонија

Директорот на Институтот Јунус Емре во Скопје, меѓудругото истакна дека со нашите активности се обидуваме да посветиме внимание а воедно и да привлекуваме интерес за богатата историја, култура и различни јазици на Македонија во Турција. “Исто така, правиме напори за промовирање на македонската култура и уметност во нашата земја..”