Во Скопје се одржа Концерт на Турски Народни Танци и Ора

Yazıcı-dostu sürüm

Со цел да се зголеми меѓукултурната интеракција и во исто време да се создаде клима на мир, толерантност, братство и пријателство во светот Институтот Јунус Емре, продолжува да ја претставува Турската култура и уметност пред различните заедници во 50 држави.

Во остварувањето на оваа цел, концертот на Турски Народни Танци и Ора својот прв чекор го направи во Тирана, Р.Албанија со поддршка и во организација на Институт Јунус Емре -Турски Културен Центар Тирана, а вториот во Скопје, во историскиот Куршумли Ан на 05 Јули 2017 год. На програмата на концертот за Турски Народни Танци и Ора кој се реализираше во заедничка соработка со Клубот за Млади и Спорт „Намик Кемал“ (скр. НАКЕМ) од Бурса, градот близнак на Скопје и Фолклорното Друштво при Клубот присуствуваа Пратеникот на Белата Партија во Истанбул воедно и член на MKYK (Управен Одбор за Донесување на Одлуки), Почитуван Проф. Др. Бурхан КУЗУ; Советникот и Заменик Амбасадор во Амбасадата на Р.Турција во Р.Македонија Неговата Екселенција Г-дин Тахир Бора АТАТАНИР; Ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, Почитуван Проф. Др. Исмаил КОЏАЈУСУФОГЛУ; Претседателот на МАТУСИТЕБ Почитуван Г-дин Хусрев ЕМИН; Координаторот во Министерството за образование на Р.Македонија, Почитуван Г-дин Мустафа ДИЛИОГЛУ; Претседателот на НАКЕМ, Почитуван Г-дин Емир ЕХЛИВАН; Претседателот на КУД Јени Јол Почитуван Г-дин Салејдин ЗЕКИР, Претставници и Дипломати на други држави, Претседатели на здруженија и голем број на ценети и почитувани присутни гости.

Со изведби на фолклорни танци и ора од различни краишта на Р.Турција како Ајдин, Ќутахја, од областа на Црно Море, Артвин и Тракија играорците на фолклорната група НАКЕМ приредија незаборавни моменти за публиката. На крајот на програмата на концертот, Претседателот на Клубот за Млади и Спорт „Намик Кемал“, Почитуван Г-дин Емир ЕХЛИВАН им додели плакети на Пратеникот на Белата Партија во Истанбул воедно и член на MKYK (Управен Одбор за Донесување на Одлуки), Почитуван Проф. Др. Бурхан КУЗУ и на в.д. Директорот на Институт Јунус Емре -Турски Културен Центар, Почитуван Г-дин Фуат КОРКМАЗ.