Во Скопје се отвори изложба на фотографии на тема "Триумф на демократијата"

Yazıcı-dostu sürüm

Под покровителство на амбасадата на Р.Турција во Скопје во заедничка соработка на Институтот Јунус Емре од Скопје и Анадолу Агенцијата во Скопје се отвори изложба на фотографии на тема "Триумф на демократијата"

На свеченото отварање на изложбата одржана на 23 Август 2016 година, присуствуваа Советник и заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Р. Турција во Скопје Г-дин  Синан Eртај, претставници на државни институции од Турција и Македонија , претставници на политичките партии, академици, истакнати личности од областа на науката и уметноста и голем број на ценети гости.

Темата на изложбата на фотографии кое за прв пат се отвори во странство целосно е посветена на немилите настани кои се случија ноќта на 15 јули и триумфот на демократијата  изложени беа вкупно 52 фотографии снимени од одбјективите на фоторепортерите од Анадолу Агенцијата.