Започна да го реализира проектот за Традиционално Турско Стрелаштво со лак и стрела

Yazıcı-dostu sürüm

Во Турско – Исламската историја, стрелаштвото со лак и стрела претставува еден од најзначајните елементи на културата, а воедно во генерална смисла и како дел од социјалната култура на различни места ширум светот. Прераснувајќи во спорт со натпреварувачки карактер денес оваа дисциплина зазема свое место во Меѓународните организации и Олимпијади распространувајки се меѓу широк аудиториум. 
 

Во Македонија курсот за традиционално турско стрелаштво како Јунус Емре Институт го започнавме со цел во културна смисла, повторно заживување и запознавање одблизу на широките групи.
Отварањето на курсот за традиционално турско стрелаштво со лак и стрела, под инструкторство на Доц. Др. Селчук Куршад Коџа од Проектот за турски јазик и книжевност на Државниот Универзитет во Тетово воедно и предавач на Универзитетот Сакарија, кој во исто време е мајстор во стрелаштво со лак и стрела во главниот град на Македонија, Скопје се одвиваше во историскиот објект на Куршумли Ан. 
 

Голем интерес на првиот час
Мајсторот во стрелање со лак и стрела, Пом. Доц. Др. Селчук Куршад Коџа на првиот час говореше за значењето и потеклото на Традиционално Турско Стрелаштво со лак и стрела; за лакот, стрелата и техниката; воедно правејќи споредба меѓу Турскиот Лак и Стрела и Западниот лак и стрела на курсистите им ја претстави разликата помеѓу нив.
 

Од кој материјал е направена Турската стрела; Како се расипува и како се поставува стрелата? Стрелецот како треба да ја постави стрелата на лакот? Како треба да се повлече лакот? Во каква позиција е потребно да биде поставен стрелецот кога го повлекува лакот? како и др. почетни техники кои исто така беа разгледани детално.
 

И првите фрлени стрели

На првиот час на кој што присуствуваа приближно 170 курсисти за проба ги поставија и истрелаа првите стрели. Како безбедно се фрлаат стрели? Кои се безбедносните правила на кои што треба да внимаваат спортистите кои што се занимаваат со овој вид на стрелаштво? беа споделени сите детали.
Под инструкторство на Мајсторот во стрелаштво Пом. Доц. Др. Селчук Куршад Коџа во историскиот објект на Куршумли Ан, курсевите за стрелање со лак и стрела продолжуваат и натаму.