Научете турски

Научете турски

Yazıcı-dostu sürüm

КУРСЕВИ ПО ТУРСКИ ЈАЗИК ВО НАШИТЕ ЦЕНТРИ

При нашите културни центри во зависност од интересот се организираат курсеви по турски јазик од разни нивоа наменети за разни групи. Во оваа насока освен општите курсеви по турски се организираат и посебно наменети курсеви како курсеви по деловен турски јазик, курсеви по турски за деца, училници за превод и курсеви по турски јазик од областа на печатот и медиумите.  

Наши културни центри

 

Проектот „Мојот избор е турски“

Благодарение на иницијативата на Институтот Јунус Емре во земјите како Босна и Херцеговина, Грузија, Полска, Јапонија, Египет, Црна Гора и Романија при основно и средно образование турскиот јазик веќе се стекна со статус на изборен или втор задолжителен странски јазик во наставните програми.

Во рамки на проектот се реализирани дејности во насока на вклучувањето на турскиот јазик како изборен странски јазик во наставните програми. Воедно изготвени се наставни програми и сетови за наставен материјал наменети за изучување на турски јазик како странски јазик во основно и средно образование.

 

НАСТАВА ВО ПРЕСТОЈНО МЕСТО

Институтот Јунус Емре во соработка со Претседателството на турска диаспора и роднински општества на студентите кои добиле стипендија во рамки на СТИПЕНДИИ НА ТУРЦИЈА им овозможува учење на турски јазик во центрите на Институтот во престојните места на кандидатите.

Стипендии на Турција: www.ytb.gov.tr

 

ЛЕТНА ШКОЛА ПО ТУРСКИ

Летната школа по туски која традициоално се организира секоја година, се спроведува со учество на курсистите при Институтите Јунус Емре кои дејствуваат во странство и студентите при Катедрите по турски јазик и книжевност од странските земји. При оваа школа курсистите и студентите ја имаат можноста да вршат практите и да ги продлабочат знаењата по турскиот јазик кој го изучиле во нивните земји. Во рамки на летната школа учесниците освен можноста за развивање на познавањата по турски, имаат прилика одблизу да се запознаваат со најистакнатите историски и туристички места на градовите кои ги посетуваат.

Летна школа по турски: turkceyazokulu.com.tr

 

ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ НА ТУРСКИ

Институтот Јунус Емре преку Порталот за далечинско учење на турски кој е изготвен благодарение на модерните можности на технологијата намерува да нуди учење на тускиот јазик независно од време и локација. Во оваа насока во Порталот за далечинско учење на турски списоците на зборови и граматичките структури се прикажани во различни фази зависно од нивоата, додека структурните познавања на јазикот кои курсистите би можеле често да ги користат во секојдневниот живот се прикажани преку активности кои се осниваат на четирите основни јазични вештини.

Портал за далечинско учење на турски: turkce.yee.org.tr

 

МАТЕРИЈАЛИ ЗА УЧЕЊЕ НА ТУРСКИ

Во рамки на Институтот Јунус Емре, во насока на потребите од областа и способностите на таргет групите и врз основа на модерните методи за изучување на јазици се реализира изготвување на наставни програми и материјали за учење.

Турски за деца (ТЗД)

Наменет е за деца од 6-9 годишна возраст. Се состои од 4 сета.

(Учебник, Прирачник за наставници, Аудио ЦД)

Учам турски

Наменет е за група на возраст од 10-15 години. Изготвен е во нивоа А1 и А2. Се состои од 4 сета.

(Учебник, Прирачник за наставници, Аудио ЦД)

Седум клими турски

Изготвен е за група на возраст од над 16 години, во нивоа од А1 до Ц1

(Учебник, Работна книга, Прирачник за наставници, Аудио ЦД)

Учам зборови преку слики

Станува збор за тематски речник збогатен со слики изготвен за ниво А1. Се состои од 600 зборови и активности. Речникот содржи и превод на англиски, руски и арапски јазик на зборовите и активностите.

Книга за говорење и пишување

A1 seviyesinde konuşma ve yazma kulüplerinin yanı sıra Türkçe kurslarında kullanılmak üzere hazırlanan 186 görsel ve bunlara bağlı etkinliklerden oluşmaktadır.

Книга со визуелни активности

Изготвен е со цел да се користи при курсеви по турски јазик од А1 и А2 ниво и се состои од 32 тематски видеа и активности поврзани со видеата.

 

ИСПИТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НИВО НА ПОЗНАВАЊЕ НА ТУРСКИ (ТЈС)

Испитот за утврдување на ниво на познавање на турскиот јазик е испит за утврдување на јазични вештини развиен од страна на Институтот Јунус Емре со цел на стекнување со меѓународно признаен стандарт за турскиот јазик и нудење поддршка во насока на олеснување на политиките за прифаќање на странски студенти. Кандидатите кои се стекнуваат со успешен резултет на споменатиот испит кој се организира три пати годишно на меѓународно ниво, при случај на добивање право за образование во Турција се ослободени од учење на подготвителна настава и воедно се стекнуваат со значајна предност при аплицирање за работа.

TЈС: tys.yee.org.tr

 

ОБУКА ЗА НАСТАВНИ КАДРИ

Институтот Јунус Емре со цел на исполнување на потребата за квалификувани кадри од областа на учењето на турскиот јазик како странски јазик организира разни програми за обука за наставни кадри.

Дел од програмите кои ги реализира Институтот:

  • Сертифицирани програми за учење на турски како странски јазик
  • Сертифицирани програми за учење на турски како странски јазик наменети за странски турколози
  • Семинари за настава за учење на турски како странски јазик
  • Програми за меѓукултурно конвергирање
  • Интерни наставни програми

 

ИСПИТИ ЗА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ (ЈОС)

Испитот за студенти со странско потекло (ЈОС) е испит на кој влегуваат студенти со странско потекло кои намеруваат да студираат во која од високообразовните институции во Турција и чии резултати може да ги користат за запишување во споменатите институции. Институтот преку соработка со универзитетите со кои има вклучено договор од оваа област, ги координира Испитите за странски студенти кои се реализираат во странство и дава придонес во насока на одржување на истите во соодветни услови.

 

УЧИМЕ ТУРСКИ СО МОДЕРНИ МЕТОДИ!

Интерактивни табли, сертифициран наставен кадар, дополнителни извори, тематски јазични постери, наставен материјал соодветен за таргет група, училници составени од 8-16 учесници со U форма на распоред...

Институтот Јунус Емре, дејствува во насока на учење на меѓународно ниво турскиот јазик кој е светски распространет; во оваа насока изготвуваме наставна опрема и материјали во согласност со модерни методи и потребите на учениците.  

 

ГО УЧИМЕ ТУРСКИ ЦЕЛИОТ СВЕТ

Освен курсевите по турски јазик кои од 2009 година се организираат во нашите центри низ светот, благодарение на изучувањето на турскиот јазик при часовите по турски при Катедрите за турски јазик и книжевност во странство и како изборен и втор задолжителен странски јазик во државните училишта низ многу земји, нешто што се овозможи со иницијативата и поддршката на Институтот Јунус Емре, близу 100.000 луѓе го научија турскиот јазик.