Порака од Претседателот

Порака од Претседателот

Yazıcı-dostu sürüm

Здраво до сите четири страни на светот!

При Фондацијата Јунус Емре - Институт Јунус Емре која започна со работа во 2009 година досега ширум светот во 48 земји има повеќе од 58 културни центри. Преку овие центри се промовира турскиот јазик, културното наследство и уметност и се равива и се зајакнува културната соработка,  како и пријателството меѓу Турција и останатите земји,

Турската културна организација Институтот Јунус Емре кој ги заштитува важните цивилизации на Анадолија и се труди културното наследство на овие предели да го пренесе до различни делови на светот; има важна улога во распространувањето на безвременскиот глас на турскиот јазик и претставувањето на нашето историско и културно наследство.

Нашиот Институт кој го носи името на Јунус Емре, анадолскиот мислител кој ги претставува човечките вредности, љубовта кон човекот и општествениот мир, преку Културните центри продолжува да го претставува нашиот јазик и култура на четири различни страни на светот.

Институтот кое е огледало во делот културната дипломатија на Република Турција продолжува со своите активности, до 2023 година по повод сто години од основањето на Република Турција. Планирано е да се отворат 100 културни центри, преку нашиве центри се овозможува меѓународните заедници да имаат најверодостојни извори за да ја запознаат Турција во најдобро светло преку турскиот јазик и настава, култура и уметност, преку културните активности со цел  да се  придонесе повеќе да се развива светското културно наследство.

Во овој правец, нашиот Институт; со возбуда се труди да го реализира идеалот за создавање мост помеѓу светските култури соработувајки со различни институции за поддршка на научни и културни студии, за да ги споделат резултатите со светската јавност.

Со љубов и почит,

Проф.д-р. Шереф АТЕШ