Запознајте се со Турската Култура

Запознајте се со Турската Култура

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот Јунус Емре за кратко време оствари голем број на активности, исто така,  има извонреден спектар на активности со различни содржини. Целта е преку релевантни претставници достојно промовирање на богатите културни ресурси на Република Турција. Сето ова е врвен приоритет на нашиот Институт. Нашите активности се планирани на начин да се промовира елитното и богато културно наследство на нашата земја во странство.

Турција со својата богата историја е позната земја во светот. Наша цел е инспирирајќи се од богатата историја истата да ја промовираме на светско ниво, но исто така за нас важно е да ги промовираме и актуелните случувања во современата уметност и култура на Република Турција. Со интегрирање во современиот свет на уметноста на културните кодови од нашата древна традиција се обидуваме да нудиме широк спектар на културни перспективи. Така што, еминентниот автор на турската литература Ахмет Хамди Танпинар посебна важност дава на континуитетот на нештата, важна е и наизменичната обнова во творепштвотожж да се биде наклонет кон новитетите. Секоја жива материја е полжна на промени, животот се базира токму на промените.  Континураниот развој кон подобро може да се постигне држејчи се до зацртаните патишта за развој и просперитет. Ахмет Хамди Танпинар, ова го објаснува на следниов начин “ континуиран развој, промени за просперитет”. Со цел да се развие ново соединение помеѓу традиционалната култура и модернизмот, за тоа традицијата треба  да дејствуваат на исто ниво со модерното.

Институтот Јунус Емре како што кажува Ахмет Хамди Танпинар, континуирано се менува и се развива. Инспирацијата што ја добиваме од традиција се трудиме да ги пренесеме и да ги споделиме со другите за да бидат достапни до јавноста од современиот свет, постојано нудење на културни активности се обидуваме да промовираме и да споделиме се што и припаѓа на нашата земја. Споредувајќи ги Деде и Wagner, Јунус и Verlaine, Баки и Goethe допринесуваме да се разбереме меѓусебе на еден поинаков начин. Правејќи го тоа се разбира дека не зборуваме само за боите на нашиот културен атлас, се трудиме и се залагаме подобро да ги разбереме и да се збогатиме со културното  богатство на другите народи од светот, во таа насока се обидуваме да воспоставиме културни мостови со странски држави.

Поради тоа, за нас од голема важност е културата и културните вредности на земјата домаќин на странски институции и културни центри. За да се воспостави добро пријателство меѓу гостите и домаќинот неопходно е страните да бидат дел од активностите кои овозможуваат културна интеракција, токму поради тој факт заеднички реализираме активности од областа на културата. Нашата цел не е само да се промовираме себеси, исто време да ја запознаеме и културата на земјата домакин.

Нашиот Институт организира културни активности на кое учествуваат не само еминенти културни дејци од Турција, туку и со странски уметници кои во минатото и денес имаат контакт или допирни точки со турската култура и уметност, научници, ваквите активности имаат за цел промовирање на нашите уметници а воедно од блиску да ги запознаеме и странските уметници. Активностите што ги реализираме во оваа рамка гледано од повеќе аспекти, допринесува за зајакнување на нашата идеја окулу воспоставување на културни врски и реализирање на заеднички културно уметнички активности. Искрено веруваме дека ваквата платформа ќе овозможи брзо и ефикасно да се реализираат заедничките активности и да се обезбеди размена на културно поле.

Нашата намера е културното и научното наследство на нашата земја да ја промовираме на меѓународната сцена на светот, од друга страна пак "искуството на другите народи" да ги донесеме во нашата држава. Сметаме дека културните и научните споделувања меѓу народите корисни се во секој поглед. Со таа цел продолжуваме под ист кров да се потсетиме на Dede и Wagner, на Јунус и Verlaine, на Баки и Goethe.