Амбасадорот на Р. Турција во Скопје, Почитувана Г-ѓа Тулин Еркал КАРА им честиташе на учесниците

Yazıcı-dostu sürüm

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Почитувана Г-ѓа Тулин Еркал КАРА истакна дека секој од Нив е промотор на културата порачувајќи им дека „Не треба да застанат само со изучување на турскиот јазик, туку во истовреме да го споделуваат јазикот да бидат промотори на културата меѓу семејството, средината, воедно им честита за интересот за изучување на турскиот јазик“.

Во однос на програмата на Летната Школа за учесниците која опфаќа единаесет (11) различни градови меѓу кои Истанбул потоа Измир, Ајдин, Самсун, Сивас, за кои Амбасадорот Почитувана Г-ѓа Тулин Еркал КАРА истакна дека „Сите градови во пределот на Анадолија се убави и поседуваат природни и историски убавини кои што треба да се посетат и видат и им порача убаво да го изучат турскиот јазик и од овие градови кои ќе ги посетат треба да се вратат со нови искуства, овие можности треба да ги ценат и добро да ѓи вреднуваат“.

„Писма кои што ќе се читаат по дваесет (20) години“

Учесниците на овогодинешната програма на Летната Школа пишуваат писма кои ќе се читаат по дваесет (20) години. „Писмо за Иднината“ е насловена темата за која учесниците пишуваат одговарајќи на прашањето „За каков свет сонувам после дваесет (20) години“ на која ќе бидат одбрани неколку и презентирани на завршната програма.

На крај писмата ќе бидат предадени на Претседателството на Република Турција за да истите бидат отворени повторно после дваесет години.
„Летната Школа започнува на 24 Јули 2017 година“

Програмата за Летната Школа ќе се реализира во период од 24 Јули – 20 Август 2017 год. на која од Република Македонија ќе учествуваат вкупно дваесет и пет (25) ученици.

Учесниците, како комуникациско средство ќе го користат турскиот јазик и покрај обуките за турски јазик ќе посетуваат туристички и историски места и градови и низ различни активности ќе имаат можност да се запознаат со традиционалната турска култура.

Учесниците, по завршната церемонија во Истанбул по повод Празникот за Денот на турскиот јазик ќе се вратат во матичните земји.