Децата од Скопје денеска во рамките на проектот „Караван за игра“, се забавуваа и изведуваа различни традиционални игри

Yazıcı-dostu sürüm

Во организација на Институтот „Јунус Емре“ децата од Скопје денеска во рамките на проектот „Караван за игра“, се забавуваа и изведуваа различни традиционални игри.

Првата станица на проектот, што ќе се спроведе во 8 различни градови во Северна Македонија, во организација на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, се одржа денес во „Куршумли Ан“.

Благодарение на караванот кој пристигна од Истанбул, денес децата од Скопје поминаа едно забавно попладне, исполнето со различни игри и дружење.

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, рече дека целта на проектот „Караван за игра“ е да се посетат луѓето кои живеат по селата, по руралните области надвор од Скопје.

„Овој пат се решивме да одиме кај нив и да останеме со нив подолго време, дури и да поминеме една ноќ таму. Да разговараме долго, да играме игри, да читаме книги. Таму дури имаме и браќа кои не зборуваат турски, да се обидеме да ги научиме турски, заеднички да гледаме филмови“, нагласи Кула.

Градоначалникот на скопската Општина Чаир, Висар Ганиу, изјави дека се чувствува среќен поради тоа што овие рекреативни-спортски активности и овој караван 15 дена ќе престојува во Скопје и другите градови во Северна Македонија, додавајќи дека тоа има голема вредност за децата.

Целта на проектот „Караван за игра“ е да се осигура децата да растат здрави и да поминуваат време со активности соодветни за нивната возраст, да се промовираат и да се играат традиционални детски игри, а исто така кај децата да се зголеми свеста за игри.

На промотивните штандови на децата како подарок им беа доделени книги.

„Проектот карван за игра“ ќе трае еден месец. Во периодот до 14 јули 2021 карванот покрај Скопје ќе ги посети и децата од Гостивар, Тетово, Маврово и Ростуше, Централна Жупа, Кичево, Штип, Радовиш, Струмица и од Валандово.

Потоа, според плановите карванот ќе замине за Косово, во 6 различни региони утврдени во рамките на проектот.

Денеска беа доделени и сертификати за децата кои учествуваа на курсевите по традиционално турско стрелаштво.

На денешното претставување на проектот присуствуваа и Илкер Костерелиоглу, советник за образование при Амбасадата на Република Турција во Скопје, заменик-советникот за верски услуги при Амбасадата, Мустафа Тарик Коџа и голем број деца.