Денес во Скопје се одржа изложба насловена „Јунус Емре – Дојди и погледни ме“ и концертот „Нашиот Јунус“

Yazıcı-dostu sürüm

Во рамки на „Година на Јунус Емре и турскиот јазик 2021“, одбележана во Турција, денес во Скопје се одржа изложба насловена „Јунус Емре – Дојди и погледни ме“ и концертот „Нашиот Јунус“ со дела компонирани од мистичната поезија на Јунус Емре.

На настанот организиран од страна на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, во соработка со Меѓународната организација на турската култура (TÜRKSOY), Институтот за усовршување од Анкара, присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Дусен Касеинов, Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, претставници на турските организации и институции во земјата, политичари, граѓани и поканети гости.

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, истакна дека денес Јунус Емре е споменат преку два елемента, со колекција на изложбата и преку композициите создадени од неговите поезии.

„Тој [Јунус Емре] секогаш ни се обраќа со неговиот глас, но, поставуваме посредници со кои го одразуваме него со сите убавини што ги има“, рече Кула.

Од друга страна, генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Касеинов, истакна дека Јунус Емре оставил наследство и трага во турскиот свет, особено во Анадолија.

Касеинов рече дека изложбата насловена „Дојди и погледни ме“ е организирана во различни места во светот. Според него, оваа програма овозможува едно сеќавање на универзалните пораки на Јунус Емре.

Во овие рамки беше изведен и концерт со дела компонирани од поезиите на Јунус Емре, а песните беа изведени од страна на уметниците Абаз Јахја и неговиот оркестар, и Мухсин Сулејман.