„Девојката со црвена марама“

Yazıcı-dostu sürüm

Во организација на Институтот „Јунус Емре" - Скопје, на 41. то „Скопско лето" прикажан е турскиот филм „Девојката со црвена марама“ во рамките на кино проекциите во „Кафе кино" кое се одржува веќе 30 години.

На проекцијата што вечерва се одржа под отворено небо на просторот на „Сули ан" присуствуваа Серхат Кула, директорот на Институтот „Јунус Емре" - Скопје, Никола Глигоров, директорот на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, претставници на турски институции и организации и љубители на филмот.

Директорот на Институтот „Јунус Емре" во Скопје, Кула, во обраќањето пред медиуите истакна дека проекцијата на филмот е спроведена во „Сули ан", еден од највредните архитектонски дела на Отоманско наследство во Скопје.

Директорот Кула рече дека по процесот на пандемијата љубителите на уметноста физички се среќаваат и додаде дека ова е првиот настан во кој учествува Институтот Јунус Емре.

„Вечерва како Институт „Јунус Емре" имавме можност како еден од спонзорите на фестивалот „Скопско лето“, многу важна организација која веќе 30 години продолжува да се одржува во главниот град, со филмска проекција да учествуваме во затворањето на Кафе кино.“

Зборувајќи дека на љубителите на филмската уметност во Северна Македонија им го презентирале еден од најзнајаните филмови на турската кинематографија, директорот Кула продолжи со зборовите „Проецијата на филмот ќе биде со титл на македонски јазик. Се надевам дека проекцијата на филмот ќе предизвика одек кај љубителите на филмот од аспект на важноста што филмот ја има во турската кинематографија.“

Никола Глигоров, директорот на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, во своето обраќање го изрази задоволството по повод затворањето на филмските проекции во Кино кафе како дел од „Скопско лето“, организација која се спроведува веќе 30 години.

Наведувајќи дека во изминатите 30 години биле прикажале неколку стотици филмови за време на вечерните кино проекции, Глигоров рече:

„Искористувајќи ја оваа можност, би сакал да кажам дека од особено значење е што турскиот културен центар Институт Јунус Емре Скопје веќе долги години обезбедува филмски проекции во рамките на програмата „Кафе Кино“. Во исто време, (Институтот Јунус Емре Скопје) обезбедуваше присуство на автори, режисери, актери со што се кренаа нивото на Кафе киното.“

За активноста на затворањето на филмските проекции на 30-тото издание на Кафе кино со филмот „Девојката со црвена марама“ во рамките на Скопско лето која се организира во период на пандемија на новиот тип на коронавирус, Глигоров истакна:

„Воедно уште еднаш сакам да изразам голема благодорност до турскиот културен центар, не само заради обезбедувањето на овој филм, туку затоа што тој генерално дава широка подршка и на други активностите што ги реализира Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, меѓу кои секако е и Скопското лето“.

41. Скопско лето во организација на Министерството за култура на Северна Македонија и градот Скопје, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје го организира на просторот на Сули ан, историското наследство од Отоманскиот период.

Фестивалот поради пандемијата на Ковид-19 се спроведува во согласнот со протоколите за организирање на јавни настани што ги налага владата на Северна Македонија.

 

 

 

 

Diğer Etkinlikler

Се оддржа најпрестижниот фестивал на Балканот 41.Меѓународен филмски фестивал "Браќа Манаки" под покровителство на...

 

Започна неделата на турски филмови со прикажување на филмот „Мед и Кајмак“ (Bal Kaymak).

На свеченото...