Епскиот мјузикл „Птицата Симург“ се сретна со гледачите во Скопје

Yazıcı-dostu sürüm

Мјузиклот организиран под покровителство на Претседателство на Република Турција и со поддршка на Институтот Јунус Емре „Птицата Симург“ во рамки на својата балканска турнеа во Дом на АРМ – Скопје се сретна со гледачите од Македонија.

Амбасадорот на Р.Т. во Скопје г-ѓа Тулин Еркал КАРА во својот инаугуративен говор пред изведбата го истакна следново: „Турција чекори кон своите цели во 2023-та година без да даде најмала отстапка од својата културна и цивилизациска акумулација и потполно почитувајќи ги демократските вредности и човековите права. Турција и турската култура, гледано од историски аспект во себе ги содржат и културните и цивилизациски вредности од Македонија. Во оваа насока, треба да се истакне дека помеѓу Турција и Македонија постојат заеднички вредности и заедничка култура“.

Мјузиклот „Легендата на птицата Симург“ е претстава која се изведува од страна на вкупно 45 уметници припадници на хорот, оркестарот и танцувачката екипа при Дирекција на музички оддел - Генерална Дирекција на ТРТ (Корпорација Турска радио - телевизија). Овој мјузикл е претстава која ги соединува најизразливите елементи на нашето културно и уметничко наследство од Средна Азија до денешницата. Мјузиклот спојувајќи ги културните вредности на разните општества со автоктони и национални мотиви, на автентичен начин го опишува турскиот културен свет и богатството на традиционалната турска музика. Во таа насока, на мјузиклот изведен во Дом на АРМ беа испеани народни песни и фолклорни танцови.

Продуцентот и шефот на оркестарот на мјузиклот „Птицата Симург“ Муса Ѓочмен во својата изјава за медиумите го истакна следново: „ Птицата Симург еден цивилизациски мјузикл, е дело кое ја опишува турската култура со сите нејзини различности. Во мјузиклот можете да најдете музики од целиот турски свет. Многу возбудлив проект и при секое негово прикажување наидуваме на голем интерес. Уверени сме дека со балканската турнеа ќе допреме до многу срца и пренесувајќи ја љубовната култура на Анадија братски ќе се прегрнеме со балканските народи“.

Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Др. Шемсеттин Шекер, истакнувајќи дека вториот концерт од балканската турнеа на мјузиклот „Птицата Симург“ организиран под покровителство на Претседателство на Р.Т. се одржува во Скопје рече:„Птицата Симург е една композиција која ги промовира нашите вековни културни вредности кои сме ги наследиле до денешницата а кои спаѓаат на еден широк географски спектар кој опфаќа територија од Туркистан до најдалечната точка на Балканот. Птицата Симург симболизира едно созреано постоење и преродба. Факт е дека музиката колку што е регионална, исто толку е и универзална. Музичките дела кои се обраќаат на целото човештво несомнено се оние кои се ткаени со автоктони и национални мотиви. Овој мјузикл е дело кое успешно ги комбинирал овие вредности. Во име на Институтот Јунус Емре Скопје би сакал да изразам дека ни претставува особено задоволство што сме домаќини на овој епски мјузикл во кој сите ние кои имаме заеднички цивилизациски вредности ќе се пронаоѓаме себе си.“

Мјузиклот кој е дело на ТРТ и се организира под покровителство на Претседателство на Република Турција е поддржан од страна на Фондот за промоции при Влада на Р.Т., министерствата за култура и надворешни работи на Турија, Град Истанбул и Институтот Јунус Емре.

На мјузиклот беа присутни Амбасадорот на Р.Т. во Скопје Тулин Еркал КАРА, членот на Уставен Суд на Р.М. Салих МУРАТ, Претседателот на ТХП Енес Ибрахим, Зам. Амбасадорот на Р.Т. во Скопје Мурат СУМЕР, Координаторот на ТИКА во Скопје Ајтекин АЈДЕН, Ректорот на Меѓународен Балкански Универзитет Исмаил КОЏАЈУСУФОГЛУ, Генералниот Извршен Директор на Халкбанк А.Д. Скопје Билал СУЏУБАШИ, Директорот на одделот за туркологија при Институтот Јунус Емре Тајфун КАЛКАН, советникот на Претседателот на Р.М. Исмаил АЛИ, советникот при Министерство за култура на Р.М. Бехиџудин ШЕХАБИ, Советникот за образование при Амбасада на Р.Т. во Скопје Тамер СЕВИМ, Советникот за трговски прашања при Амбасада на Р.Т. во Скопје Бунјамин КУТЛУ, вториот секретар при Амбасада на Р.Т. во Скопје Орхан ОЛЧЕН, членот на Извршен Одбор на Халкбанк А.Д. Скопје Букет ГЕРЕЧЧИ, Директорот на Туркиш Ерлајнс Скопје Пинар Ајваз АРИКАН, Раководителот на катердата на туркологија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип Проф.Др. Марија ЛЕОНТИЧ, В.Д. Директорот на Оддел за афирмација на културата при Минстерство за култура на Р.М. Менфи ИЛЈАЗ, Одговорниот уредник на емисии по турски јазик при МТВ Еран ХАСИПИ, Главниот уредник на Јени Балкан Муртеза СУЛООЏА, претставници на цивилниот сектор и голем број на љубители на музиката.