„Изложба Ѓобеклитепе: Човекот и животот“

Yazıcı-dostu sürüm

При приемот по повод државниот празник, 96. годишнината од  29 октомври - Денот на формирањето на Република Турција, од страна на Институтот Јунус Емре Скопје се реализираше инаугирацијата на фотографската изложба со тема „Ѓобеклитепе: Човекот и животот“ која ги содржи фотографиите на едно од најзначајните светски археолошки откритија.

На изложбата организирана по повод прогласувањето на 2019 година како „Година на Ѓобеклитепе“ во Турција, беа прикажани фотографии придружени со сеопфатни објаснувања околу археолошкото наоѓалиште кое е дел од Списокот на светското наследство на УНЕСКО, Ѓобеклитепе Орен Јери, процесот на откривање на најстариот археолошки храм на светот - Ѓобеклитене, како и историското значење на Ѓобеклитепе и нејзините рефлекции на денешнината.

Изложбата беше посетена од страна на илијадниците поканети на свечениот прием.