Kомеморативна програма посветена на покојниот поет Илхами Емин

Yazıcı-dostu sürüm

Институтoт “Јунус Емре” – Скопје заедно со здружението“Копру” реализираа дигитална комеморативна програма посветена на покојниот поет, писател, културолог и државник, Илхами Емин, кој остави бројни дела во заживувањето и одржувањето на турската култура на Балканот.

На комеморативната онлајн програма посветена на литературниот и културолошкиот великан, Илхами Емин, учество зедоа:
- Претседателот на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и здружението “Копру”, Хусрев Емин
- Директорот на Институтoт “Јунус Емре” во Скопје, Серхат Кула
- Директорот на Институтoт “Јунус Емре” во Приштина, Мехмет Улкер
- Главниот извршен директор на Халкбанк во Скопје, Билал Суџубаши
- Почесниот претседател на Сојузот на писател на Турција, Мехмет Доган
- Поранешниот директор на Институтoт “Јунус Емре” во Скопје, Мехмет Самсакчи
- Косовскиот поет Зејнел Бексач
- Главната уредничка на списанието “Копру”, Лејла Шериф Емин
- Сопругата и синот на Илхами Емин - Емире Емин и Рифат Емин
како и многу други гледачи.

Програмата започна со рецитирање на светиот Куран, од страна на страна на советникот за верски работи при амбасадата на Турција во Скопје, а веднаш потоа и пораката за сочувсто на Претседателот на Турското големо народно собрание, Мустафа Шентоп.

Во пораката, каде се потенцираше како еден од доаените и најголемите писатели, чии дела ја збогатија турската литература и култура во Македонија и воопшто на Балканот, за Илхами Емин беше кажано дека со право е опишан како “Балкански чинар”, а во литературните кругови како “Поет на розата”.
“Со делата на турски јазик, на децата им ја всади љубовта кон литературата и поезијата”

Шентоп изјави дека розата како симбол на мирот и љубовта е поистоветена со нашиот Божји пратеник и секогаш кога се спомнува розата, таа не потсетува токму нему и додаде: “Поради оваа причина, споменувањето на Илхами Емин како поет на розите има посебно значење и вредност. Мојата молитва од Алах е во чест на неговото често споменување на розата, Илхами Емин кој се соедини со розата, вечното почивалиште да му биде украсено со рози“.

Нагласувајќи дека Илхами Емин е љубител на османлиската историја, Шентоп рече: “Во своите дела им даде место на Османлиите, присилни миграции, копнежот по минатото, селото Кочачик во кое живеат турците-јуруци. Секогаш се обидувал да ја раскаже својата историја со пенкалото. Со своите дела на турски јазик, тој на децата им ја доближи поезијата и литературата”.

Потсетувајќи дека Илхами Емин учителствуваше и во училиштата “Тефејуз”, кои имаат значајно место во градењето на идентитетот на Турците во Македонија, Шентоп рече: „Им се заблагодаруам на Институтот Јунус Емре и Здружението Копру што ни овозможија  да ја искажеме нашата благодарност и вечно сеќавање на Елхами Емин. Нека му е лесен и мирен веченот дом. Неговото место е во рајот”.

Илхами Емин е голем виртуоз кој зборот го обликуваше со уметност и го носеше на сите полиња.

Директорот на Институтот “Јунус Емре” во Скопје, Кула, потсети дека минатата година комеморативната средба на покојниот поет и државник, Фахри Каја, беше првата онлајн средба и во оваа прилика посака злото „Ковид-19“ да биде минато.

Изјавувајќи дека една од последните програми на која присуствуваше Илхами Емин беше промоцијата на книгата на Лејла Шериф Емин во Скопје, Кула рече:
„Нашите херои отсекогаш биле луѓе на збор. Илхами Емин е великан кој зборот како тесто во естетска смисла го однел во сите области каде што може да се замеси со уметноста. Од  театарот до поезијата, од литературата до приказнните, романите и така натаму, на делата им дал посебна вредност и како последен дар ни го поклонил на сите нас”.

Програмата беше затворена со прораките за сочувство од најблиските.

Илхами Емин почина на 28. Април 2020. Година

 Кој е Илхами Емин ?

Илхами Емин е роден на 08. Август 1931. година во Радовиш. Основно  училиште завршил во родното место, а средно економско училиште и педагошка академија во Скопје. Учителствуваше во турското основно училиште “Тефејуз” и започна да работи како новинар во весникот “Нова Макeдонија”. Подоцна премина во весникот “Единство” и во 1956. година стана главен и одговорен уредник на месечното уметнично списание “Гласови”.
До 1973. година беше одговорен уредник на емитувањето на програма на Радио Скопје на турски јазик и даде посебен придонес за турската радио дифузија, особено во првите две години. Во 1978. година, Емин беше избран за генерален директор на Народниот театар Скопје. Поставен како генерален директор на Народниот театар Скопје, Емин стана заменик министер за култура, функција на која остана се до пензионирањето.

Емин, кој твореше дела од различни жанрови на литературата, се прослави и со своите театарски дела. Многу дела на Илхами Емин, кој воедно е успешен филмски критичар се преведени од турски на македонски јазик. Освен песните на Назим Хикмет, Јесеви, Јунус и Мевлана, Епот на Јашар Кемал  “Легенда за 1000 бикови”, делата на Орхан Памук “Бела Тврдина“ и “Името ми е црвено“, како и патеписот на Евлија Челеби во деловите кои се однесуваат на Македонија, Илхами Емин ги преведе на македонски јазик. Исто така и книга Фуат Копрулу “Создавањето на Османлиската империја“, Илхами Емин ја преведе на македонски јазик.
На меѓународниот фестивал на турската поезија во Ашхабат,  му беше доделена наградата „Големо знаме“ на исто така се сметаше за достоен за наградата „Книжевен жезол “ на Друштвото на писателите на Македонија.
Илхами Емин работел и како  преведувач на турски јазик кај поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.