Недела на Турски Филмови

Yazıcı-dostu sürüm

 

Започна неделата на турски филмови со прикажување на филмот „Мед и Кајмак“ (Bal Kaymak).

На свеченото отворање што се одржа во историскиот Куршумли Хан во Скопје присуствуваа Ирена Стефоска, која ќе ја извршува функцијата министерка за култура во новиот кабинет на Владата на Северна Македонија, потоа продуцентот на филмот „Мед Кајмак“ (Bal Kaymak) Сертач Демирташ, актерката Сабина Тозија, директорот на Институтот „Јунус Емре“ (ЈЕЕ или YEE) во Скопје Серхат Кула, претставници на турските организации во земјата и љубители на кинематографијата.

Продуцентот Сертач Демирташ раскажа за тоа како за прв пат отишле за пред извидување во Скопје во 2018 година во врска со што го рече следното: „Бевме импресионирани и посакавме овој филм да го снимаме на овие територии. Бидејќи и на овие територии има многу убави приказни. Ионака тоа се работи коишто не зближуваат едни со други. Ние сме луѓе на една иста култура, нашата историја е заедничка.“

Министерката за култура, Стефоска, ја изрази својата среќа за прикажувањето на овој филм токму во еден од највредните наследени Османлиски богаства на овој Балкан Куршумли Ан: „Ова важно дело наследено за нас е всушност важно место што ги обединува различните заеднички вредности“.

На Демирташ и Тозија им беа доделени плакети. На фестивалот беа применети сите потребни мерки како што се употреба на маски, дезинфекција и мерење на температурата заради епидемијата „Ковид-19“.

Фестивалот, кој продолжи да привлекува големо внимание со втората проекција на 28 Август во петокот со филмот „Кисели јаболки“, затварањето на фестиволот беше со филмот „Медена земја“ во саботата на 29 август. Со учество на Хатиџе Муратова, хероината на филмот „Медена земја“ (Honeyland), кој беше номиниран во две категории за филмската награда Оскар за најдобар странски филм и најдобар документарец, на фестивалот присуствуваше и кинематограферот - снимателот на филмот, Самир Љума. Завршната проекција беше проследена со голем интерес од страна љубителите на филмот. Програмата заврши со доделување на плакети.

 

 

 

Diğer Etkinlikler

Се оддржа најпрестижниот фестивал на Балканот 41.Меѓународен филмски фестивал "Браќа Манаки" под покровителство на...

Во организација на Институтот „Јунус Емре" - Скопје, на 41. то „Скопско лето" прикажан е турскиот филм „Девојката со...