Оваа Недела Во Рамки На Книжевните Средби Го Претставивме Вејси Ускуби

Yazıcı-dostu sürüm

На првиот овогодишен програм во рамки на „Книжевните средби“, настан со традиционална димензија кој го организираме со цел на промовирање на богатата турска култура и уметност, го организиравме во Меѓународниот Универзитет Визион во Гостивар.

Програмот за почна со инаугуративните говори на Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Др. Шемсеттин Шекер и Ректорот на Меѓународниот Универзитет Визион Проф.Др. Фадил Хоџа.

Ректорот на Меѓународниот Универзитет Визион Проф.Др. Фадил Хоџа, истакнувајќи дека овој настан организиран во просториите на Меѓународниот Универзитет Визион е од особено значење бидејќи е првиот заеднички организиран официјален настан на двете еминентни институции, Меѓународниот Универзитет Визион и Институтот Јунус Емре Скопје, рече дека е нужно продолжувањето на овие обострани односи. Фадил Хоџа при своето обраќање истакна дека оваа конференција е првата од ваков вид, односно со книжевен карактер и дека денешниов ден е историски ден за универзитетот. Проф. Др. Фадил Хоџа потоа пред ценетите присутни го презентираше животот и делата на еминентниот поет на Диванската литература, Вејси Ускуби. Фадил Хоџа, потенцирајќи ја поезијата и поетноста на Вејси Ускуби, истакна дека тој е уметник кој во целост ги владее техниките на уметничките вредности на диванската поезија и дека токму поради овие особини ја имал честа да му додели многу значајни поезии на нашата литература.

Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Др. Шемсеттин Шекер на својот инаугуративен говор осврнувајќи се на активностите на Институтот, го истакна следново: „Институтот Јунус Емре Скопје своите активности во насока на промовирање на турскиот јазик, култура, уметност и наука во Македонија ги реализира во соработка со државните институции и невладини организации од земјата. Овие активности се организираат достојно на скоро седум вековните заеднички односи помеѓу двете земји и при истите се акцентира ‘заедничката култура’ на двата народа“. Др. Шемсеттин Шекер потоа осврнувајќи се на најисразените карактеристики на книжевниот карактер на Вејси Ускуби, истакна: „Поетот Вејси кој е роден во Алашехир – Маниса, исраснат и образуван во Истанбул, во вистинска смисла се реализирал себе си во Скопје, е личност која е индентификувана со Скопје и познат поет, писател и државник. Вејси е еден од уметниците во чии дела моќно се истакнати вокалните и изразните капацитети на турскиот јазик. Вејси еден значаен поет и рецитатор и кој е значаен од аспектот на прострирањето на турскиот јазик во овие краишта и неговото присуство и во денешницата“. Др. Шекер исто така истакна дека е особено среќен што денес преку овој настан ја имавме можноста да се наоѓаме во Меѓународниот Универзитет Визион, единствен универзитет во Европа и на Балканот кој дава образование на турски јазик. 

Настанот на кој учествуваа Советникот при Претседателство на Големото Национално Собрание на Р.Т. , членови на Советот на судии и обвинители на Р.Т. , претставниците на Претседателство на Истанбулскиот Огранок на МХП (Партија на национално движење) од Турција, претставници на медиумите ТРТ, Агенција Анадолу, ТВ Едо, Тајм Балкан, Јени Балкан, Програма на турски јазик на Радио Скопје, Балкан ФМ, како и студентите на Меѓународниот Универзитет Визион заврши со доделување на „Благодарница“ од страна на Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Др. Шемсеттин Шекер на Ректорот на Меѓународниот Универзитет Визион Проф.Др. Фадил Хоџа.