Панел „Мехмет Акиф Ерсој автор на Националната Химна“

Yazıcı-dostu sürüm

„Мехмет Акиф Ерсој автор на Националната Химна, Великан и голем Поборник во светлината на историјата на Р.Турција“

Во организација на Институтот Јунус Емре – Турски Културен Центар Скопје на 13 март 2017, во понеделник, се реализираше панел насловен како „Мехмет Акиф Ерсој автор на Националната Химна, Великан и голем Поборник во светлината на историјата на Р.Турција“.

Одбележувањето на 96 (Деведесет и шест) годишнината од прифаќањето на Националната Химна на Р.Турција во Стоун Бриџ Хотелот со панел под наслов „Мехмет Акиф Ерсој автор на Националната Химна, Великан и голем Поборник во светлината на историјата на Р. Турција“ наиде на голем интерес. Во присуство на Почитуван Судија Салих Мурат, член на Уставниот Суд на Р.Македонија; Советникот на Амбасада на Р.Турција во Скопје, Почитуван Г-дин Џем Ѓундуз; Заменик Координатор на ТИКА, Почитувана Г-га Емине Гизем Башкан; Советникот за образование при Амбасада на Р. Турција во Скопје, Почитуван Г-дин Тамер Севим; Советникот при Аташе за религија на Амбасада на Р. Турција во Р. Македонија, Почитуван Г-дин Мурат Алкан; Подсекретар за економија во Амбасада на Р. Турција во Р. Македонија, Почитуван Г-дин Бенјамин Кутлу; Меѓународен Балкански Универзитет Ректор Д-р Исмаил КОЏАЈУСУФОГЛУ; Претседателот на МАТУСИТЕБ Почитуван Г-дин Хусрев Емин; Директорот на Агенција Анадолија во Р.Македонија Почитуван Г-дин Аднан Идриз; Директорот на Претставништвото на ТРТ Телевизија во Скопје, Почитуван Г-дин Беким Мухтесаревич; претставници на различни институции и организации, како и голем број на почитувани гости со едно минутно молчење му се оддаде почит на Великанот, поборник и идеал Мехмет Акиф Ерсој, а потоа со изведба на Националната химна на Р.Турција започна панел дискусијата.

Свое обраќање во воведниот говор за значењето и важноста на тој голем ден изнесе в.д. Директорот на Институтот Јунус Емре - Турски Културен Центар Скопје Почитуван Г-дин Фуат Коркмаз. За Мехмет Акиф Ерсој нагласи дека е и поет и писател, воедно свој придонес има и како теолог што е од голема важност за целото човештво истакнувајќи во исто време дека со своите идеи и начин на размислување е совоевиден извор на инспирација за модерна Р. Турција.

Модератор на панелот беше Почитуван Доц. Др. Селчук Куршад Коџа, Академски Раководител од Проектот за турски јазик и книжевност на Државниот Универзитет во Тетово, потоа на програмата учествуваше Почитуван Проф. Др. Фарук Гезгин предавач на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошки Факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј Скопје“ кој говореше за „Прифаќањето на Националната Химна на Р. Турција и за Великанот и голем Поборник на Р. Турција, автор на химната Мехмет Акиф Ерсој“ и истакна дека во секоја строфа и во секој стих во Националната химна на Р. Турција се нагласени нејзините националните и духовни вредности.

Воедно свој говор одржа и Заменик Ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, Почитуван Доц. Др. Шенер Билали, кој сподели важни информации за еден значаен период од историјата на прифаќањето на Националната химна на Р.Турција со особен осврт на настаните од деветнаесетиот век и поделбата на Османлиската Држава и ефектот на Националната химна во тој период.

Во последниот дел од панелот, младиот поет Мехмет Ариф, од Скопје чија новоиздадена книга е еден вид исчекор во книжевната сцена, прочита песна која поетот и креатор на јавното мислење Фетах Рауф Ефенди ја посветува на Мехмед Акиф " Смртта на Господин Мехмет Акиф"