Поетот и писателот од Охрид Есад БАЈРАМ беше почестен во Скопје
24.11.2016
Во последната од „Литературните средби“ организирани од страна на Институтот Јунус Емре Скопје со презентација на турскиот писател од Македонија Илхами ЕМИН се вреднуваа личноста и делата на познатиот поет и писател од Охрид Есад БАЈРАМ.
На настанот на кој учествуваа и Претседателот на „Здружението на турски писатели од Косово – 1994“ Г-дин Енвер БАКИ и почитувани поети и писатели од Приштина и Призрен, беа споделени автентични податоци во врска со неговата поезија „Јас и чаршијата“, фолклоричните особини на неговите поезии, неговите поезии посветени на најмалите читатели и успешните преводи.
Драгите поети од Македонија и Косово го збогатија настанот со нивните рецитирања на поезии.