Промоција на книгата ’’Бес конечно“

Yazıcı-dostu sürüm

На 24 Декември се одржа промоција на книгата со наслов ’’Бес конечно“ од авторот на современа турска поезија од Македонија Рифат Емин. Програмата е реализирана под покровителство на Министерството за култура на Р.М а во заедничка соработка на Институтот Јунус Емре од Скопје и Здружението Копру.

На програмата, учествуваа в.д директорот на Институтот Јунус Емре Фуркан Курт, Познатиот Писател Илхами Емин, Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, Поранешната директорка на МТВ Турското Радио Емине Адеми, Председател на Турската Катедра на при Штипскиот Универзитет Гоце Делчев Марија Леонтиќ, Директорката на МТВ Турското Радио Зубејде Ахмед, Одговорниот за издаваштво од Издавачката куќа Диван Мехмед Ариф, главниот уредник на издаваштвото на Здружението Копру Лејла Шериф Емин и голем број на љубители на поезијата. 

Во настанот Заменик Директорот на Институтот Јунус Емре Фуркан Курт, изрази особена благодарност до авторот на книгата Рифат Емине и до сите што придонесоа за издавањето на книгата.

На промоцијата исто така со свое излагање учествуваше и Одговорниот за издаваштво од Издавачката куќа Диван во едно и едитор на книгата ’’Бес конечно“ Мехмед Ариф. 

Во исто време, академик Расих Селчук Ујсал преку интернет на живо ги сподели своите мисли во врска со книгата. Озел Асанов читаше дел од поезијата. 

На крајот од настанот, авторот на книгата „ Бес конечно“ Рифат Емин, во својот говор на промоцијата ги охрабри младите луѓе да пишуваат и ги сподели своите мисли и чувства за поезијата и литературата. 

На крајот од програмата авторот на љубителите на поезијата им подели книги со свој потпис.