Работилницата за правилен изговор и драматизација на турскиот јазик

Yazıcı-dostu sürüm

Голем број на учесници учествуваа на работилницата во својство на јазична пракса наменема за оние кои сакаат да ја зајакнат нивната врска со турскиот јазик, да го изразуваат точно турскиот, да го зборат разбирливо, да се изразат со правилно акцентирање и невербална комуникација.

Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Серхат Кула истакна дека како Институт сме горди од организирањето на овој значаен настан.

Директорот Кула рече дека ги поддржуваме лицата кои учат турски да можат постручно да се изразат и да можат на професионално ниво да ги ги применуваат стекнатите знаења, и истакна дека ќе биде значајно пренесувањето на искуството на предавачот Мерт Талат Дилекчиоглу.

При своето обраќање директорот Кула го истакна следново: „Поради пандемијата предвидено е учество на близу 40 учесници. Оваа работилница претходно беше организирана во Пакистан, денес сме овде, а потоа ќе биде организирана во многу земји почнувајќи од Албанија.“

Работилницата беше организирана во две сесии, при тоа почитувајќи ги препораките за превенција од пандемијата.

Народот на Северна Македонија е гостопримлив исто како нивните пријатели во Турција

Предавачот Мерт Талат Дилекчиоглу при неговата изјава за медиумите рече дека беше организиран многу успешен настан.

Изразувајќи го задоволството од учеството на работилницата, Дилекчиоглу го истакна следново: „Нашите курсисти беа воедно и учесници. Бидејќи нашата работичница не е само дидактичен настан. Ја дефинираме како работилница за правилен изговор и драматизација. Се мисли на интеракција со изразување со драматизација.“

„Работилницата помина одлично. Како турски државјанин ме возбудува фактот што во последниов период има огромен интерес кон турскиот“ рече Дилекчиоглу, притоа велејќи дека настанот имаше и димензија на културна интеракција.

Наведувајќи го значењето на возбудата при предавање на вакви настани, Дилекчиоглу рече: „Секогаш велиме дека ние турците сме гостопримлици. Јас се уверив дека и народот на Северна Македонија е гостопримлив во иста мера со нивните пријатели во Турција.“

Работилницата која беше проследена со голем интерес, заврши со доделувањето на сертификати за учесниците.

Кој е Мерт Талат Дилекчиоглу?

Мерт Талат Дилекчиоглу е роден во 1983 година во Анкара. Дипломирал на Факултетот за комуникологија при Универзитет на Анкара – отсек на радио, телевизија и кинематографија. Настапува како гостин уметник при Работилницата за глума „Башкент“ и државните театри. Сопственик е на низа награди од областите на радио водител, водител, глума во реклами и театри. Активно се бави со синхронизација и глума. Бил дел од многу телевизиски проекти, вклучувајќи и сериски филмови и квизеви.

Дилекчиоглу е ангажиран во рамки на Институтот Јунус Емре и воедно продолжува со предавања на работилници од разни области наменети за лица и институции.