"Република Македонија, Скопје се одржа гала вечерта на Недела на Турски Филмови"

Yazıcı-dostu sürüm

Во заедничка организација на Министерството за Култура и Туризам на Република Турција и Асоцијација „Домородна Мисла“ со поддршка на Јунус Емре Институт – Турски Културен Центар Скопје, ТИКА-Турска Меѓународна Агенција за Соработка и Развој како и др. организации се реализираше гала вечерта на Недела на Турски Филмови во главниот град Скопје. На отварањето на гала вечерта присуствуваа Главниот Советник на Претседателот на Република Турција, Почитуван Г-дин Јалчин ТОПЧУ; Нејзината Екселенција Амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Г-ѓа Тулин Еркал КАРА; Државен Секретар на Министерство за Култура на Република Македонија Почитуван Г-дин Бехиџудин ШЕХАБИ; Пратеникот на Бела Партија од Орду, Почитуван Г-дин Метин ЃУНДОГДУ; голем број претставници на институции и организации и бројни уважени гости. По воведните говори беше прикажан филмот „Долга Приказна“ на познатиот режисер Осман СИНАВ. На гала вечерта на „Недела на Турски Филмови“ присуствуваа познати режисери, сценарист и продуцент како Осман СИНАВ, Мурат ШЕКЕР, Ахмет СОНМЕЗ, Али ТАНРИВЕРДИ и Ахмет ЕДЕБАЛИ. Присуствуваа и познати актери како Емре КИЗИЛИРМАК, Дерја ШЕНСОЈ, Ајчин ИНЏИ, Тургај КИЛИЧ и Бурак ДЕМИР. Во рамките на „Недела на Турски Филмови“ која ќе трае до 14 Мај 2017 год. ќе бидат прикажани филмовите „Долга Приказна“, „Танц со Чакалите-4“, „Чанаккале-Крајот на патот“, „Збогум Катја“ и „Раната на Мојата Мајка“. Филмовите ќе бидат презентирани бесплатно во Кино Милениум во Градскиот Трговски Центар во Скопје за љубителите на филмската уметност.