Ревитализација на стари традиционални занаети

Yazıcı-dostu sürüm

Се организираше првата активност од проектот  „Ревитализација на стари традиционални занаети“.

Институтот продолжува со проектите посветени на уметноста и старите занаети

Институтот посветува особено значајно внимание на занаетчиската дејност и занаетчиите и за таа цел го спроведе проектот „Од Мајстор до Чирак“ за повторно заживување на веке заборавените традиционални занаети кои се во исчезнување. Со обучувањето на нови генерации несомнено ке се овозможи понатамошно функционирање на старите занаети. Во текот на 2013-2015 година во Старата Турска Чаршија со поддршка на Халк Банка успешно се реализирани курсевите за обработка на дрво и казазије од кои произлегоа нови мајстори и идни продолжувачи на овие занаети.

Институтот Јунус Емре продолжува со проектите од минатото и реализира нови проекти со цел заживување на исчезнатите или веке заборавени традиционални занаети. Со помош на мајсторите кои се занимаваат со овие занаети се создава адекватна средина каде што тие ќе имаат можност да ги објаснат начините и методите на изработка на ракотворбите. По тој повод го реализираме  проектот  „Ревитализација на стари традиционални занаети“.

На 31 Март 2017 год. (петок) ја остваривме првата средба со Почитуван, Г-дин Бејтула Морина, кој со своето четириесет годишно искуство во Старата Турска Чаршија и истовремено како Директор на Здружението на еснафи, говореше во врска со долгогодишната традиција на кујумџиството и неговите економски придобивки.

На почетокот на разговорот Мајсторот Морина го сподели стекнатото искуство за златарскиот занает со љубителите на уметноста.

Во првиот реализиран чекор од овој проект, за споделените информации и собраните искуства на Почитуваниот Директор на Здружението на Еснафи, Г-дин Бејтула Морина и на Модераторот на програмата Водител на Турското Радио во Скопје, Почитуваната Г-га Сејхан Јакупи им упатуваме голема благодарност.