Се одбележе 15 јули во Скопје

Yazıcı-dostu sürüm

Под покровителство на Амбасада на Р.Т. во Скопје и со поддршка на Институтот Јунус Емре, ТИКА, Агенција Анадолу, Турската Фондација Маариф и МАТУСИТЕБ во Скопје во сеќавање на мартирите кои ги положија нивните животи при предавничкиот одбид за преврат од 15 јули 2016 од страна на терористичката организација ФЕТО, се одржа комеморативниот настан со наслов „15 јули Ден на демократијата и националното единство“.

Настанот на кој учествуваа Министерот за надворешни работи на Р.Т. Мевлут Чавушоглу, пратеникот при Големото Национално Собрание на Турција Кемал Челик, Портпаролот на Министерство за надворешни работи на Р.Т. амбасадор Хами Аксој, посебниот државен советник при Министерство за надворешни работи на Р.Т. амбасадор Корај Ерташ, Министерот за странски инвестиции при Влада на Р.С.М. Елвин Хасан, Амбасадорот на Р.Т. во Скопје Тулин Еркал Кара, Поглаварот на Исламска Верска Заедница на Северна Македонија Реисул Улема Сулејман Ефенди Реџепи, претставници на дипломатскиот кор, претставници на политички партии, пратеници и претставници на невладиниот сектор, започна со едноминутен молк во чест на мартирите и интонирањето на националните химни на двете земји. Потоа беше прикажано видеото подготвено од страна на Претседателство на Р.Т. кое ги објаснува случувањата од 15 јули. Министерот за надворешни работи на Р.Т. Мевлут Чавушоглу при неговото пригодно обраќање се осврна на долгогодишното пријателство помеѓу Турција и Северна Македонија и досегашната постојана поддршка на Турција во насока на членството на Северна Македонија, истакна дека Турција без разлика на условите секогаш беше до Северна Македонија. Воедно министерот Чавушоглу истакна дека очекува од Северна Македонија да во рамки на долгогодишните пријателски односи да ја даде потребната поддршка на праведната борба на Турција против структурите на предавничката терористикча организација ФЕТО во странските земји.  

По протоколарните обраќања, следеше панел дискусијата модерирана од Директорот на турска програма при Радио Телевизија на Северна Македонија, Еран Хасип, каде што говорници беа директорот за меѓународни односи на здружението „15 Јули“ од Туција Мехмет Алган и уредникот на турската државна новинска агенција Анадолу Бунјамин Јилмаз. При панел дискусијата беше истакнат начинот и процесот преку кој Агенција Анадолу му го обзнани на целиот свет кукавичкиот обид за државен удар од 15 јули 2016 и херојската одбрана на татковината од страна на турскиот народ жртвувајќи живот. Воедно беше разговарано и за начинот на кој беше перцепиран во Северна Македонија овој предавнички чин и поддршката која во национална сплоденост и единство ја дадоа нашите сонародници кон Турција. Комеморативниот настан заврши со фотографската изложба составена од фотографии од случувањата на вечерта од 15 јули 2016.