Се реализира организираната прошетка насловена како „Скопје, градот на Јахја Кемал Бејатли

Yazıcı-dostu sürüm

Јунус Емре Институтот – Турски Културен Центар Скопје во рамките на проектот „Важни Историски Личности“ на 21 Април 2017 год. со излагање на Проф. Др. Ертугрул Каракуш ја реализираше конференцијата под наслов „Јахја Кемал Бејатли“ и во продолжение на програмата организираше прошетка под наслов „Скопје, градот на Јахја Кемал Бејатли“ .

Во присуство на Амбасадорот на Р. Турција во Р. Македонија, Нејзината Екселенција Г-ѓа Тулин Еркал Кара под водство на Проф. Др. Ертугрул Каракуш и во придружба на 25 члена група во раните утрински часови започна прошетката во градот Скопје кој што во животот на поетот на цивилизацијата Јахја Кемал Бејатли зазема особено важно место.

Во почетокот за да се долови историскиот изглед на Скопје и за да се разбере подобро местото каде што живеел Јахја Кемал Бејатли од врвот на Планината Водно градот се разгледуваше од птичја перспектива.

Прошетката продолжува со посета на Гимназијата во која се запишал Јахја Кемал Бејатли и во која не го завршил образованието поради иселувањето на неговото семејство во Солун. На местотот каде што се наогала Гимназијата постои само предната фасада.

Од двете текиња кои што ги посетувал Јахја Кемал Бејатли во врска со едното Руфаи Теке Проф. Др. Ертугрул Каракуш сподели анегдоти со групата која учествуваше во прошетката. Програмата продолжи со посетата на гробот на мајката на Јахја Кемал Бејатли во Иса Бег Џамијата.

Со години, како поетот на цивилизацијата во училиштето Ирфан кое има обучено стотици ученици движејки се кон тоа место беа забележани остатоците од пенџерињата, веднаш до школата се наоѓа и Султан Мурат Џамијата која што е во процес на реставрација од страна на ТИКА и до нив турбето на Исак Бег, разгледувајќи ги во исто време Професорот говореше за животот на Јахја Кемал.

Прошетката продолжи на местото каде што израснал Јахја Кемал во близина каде што се наоѓа Алаџа Џамијата (Исхак Бег Џамија) која што исто така е во процес на реставрација од страна на ТИКА. Потоа Нашата последна посета заврши на местото со стари градби каде што тој го поминал детството.

За учеството во програмата изразуваме особена благодарност до Амбасадорката на Р. Турција во Р. Македонија, Нејзината Екселенција Г-га Тулин Еркал Кара и ценетите гости кои што присуствуваа на оваа прошетка. Особено благодарност упатуваме до Доц. Др. Ертугрул Каракуш, Професор на Катедрата за Современи Турски дијалекти и книжевности при Факултетот за наука и книжевност на Универзитетот Киркларели кој што преку проектот за турски јазик и книжевност на Јунус Емре Институтот престојуваше три години во Скопје, за Неговото водство во оваа програма, за споделувањето на вредни информации воедно за придонесот на оваа програма благодарност и до целото семејство на Јунус Емре Институтот.