Сеќавање на поетот Јахја Кемал Бејатли во родниот град Скопје

Yazıcı-dostu sürüm

Со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија и во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија - МАТУСИТЕБ, во историскиот Даут Пашин Амам во Скопје, по повод 61. годишнина од смртта на големиот турски поет со скопско потекло Јахја Кемал Бејатли, се одржа традиционалната „V. Меѓународна вечер на поезии - Јахја Кемал Бејатли“. Институтот Јунус Емре Скопје на настанот учествуваше со фотографската изложба „Јахја Кемал Бејатли“ и промоција на книга.

На изложбата беа прикажани фотографии од приватните носии на големиот поет, забелешки напишани со неговиот ракопис и битни моменти од неговиот живот. Изложбата составена од 23 фотографии во следните 3 дена беше изложена во историскиот Даут Пашин Амам.  

Додека на настанот на промоција на книгата со наслов „Чување стража за турскиот јазик, Зејнел Бексач и неговата поезија“ чиј автор е Бахтијар Аслан, ценет поет и писател на турската литература, говорниците Продекан на Филолошкио Факултет - Универзитет Истанбул Доц.др. Мехмет Самсакчи и Асистент за истражување при Меѓународниот Балкански Универзитет Сејхан Муртезан Ибрахим ги изразија своите мисли во врска со споменатото дело. 

Настанот потоа продолжи со обраќањето на авторот на книгата, Бахтијар Аслан, кои ги сподели со присутните неговите мисли околу книгата, поезијата и литературата, притоа охрабрувајќи ги младите да се нафатат на пишување дела.

Аслан воедно истакна дека споменатото дело не ќе е доволно за сеопфатно покривање на темата и додаде:„Засега ова изгледа само како еден почеток. Јас со сета моја сила ќе продолжам да работам на темата Балканска турска книжевност. Воедно ќе ги охрабрам и иницирам моите колеги, пријатели и студенти од Турција да работат на оваа тема. Доколку книгава го постигне потребното внимание, уверен сум дека и други лица од Турција ќе се фокусираат на темава“.

„Турциве на Балканот се турци поради многу фактори и причини, но најмногу се турци бидејќи го зборуваат турскиот јазик. Токму затоа јазикот е од особено значење. Многу фактори го сочинуваат турскиот идентитет, но најсеопфатниот и примарен фактор е турскиот јазик!“ истакна Бахтијар Аслан.

Додека Зејнел Бексач потцртувајќи го значењето на делата од ваков вид за Балканот, го истакна следново:„Издавањето на оваа книга несомнено ќе има позитивен импакт. Ќе ги охрабри уште повеќе нашите писатели. Уверен сум дека уште многу други наши писатели тргнувајќи од примерот на почитуваниот професор Бахтијар Аслан ќе засукат ракави и ќе се нафатат на слични нешта, бидејќи турската книжевност на Балканот која е во значаен подем го заслужува тоа“.

Бексач зборувајќи за емотивните ефекти на едно посветено на неговиот труд, рече:„Ова навистина ме прави среќен. Се надевам дека и другите мои колеги во блиска иднина да ја доживеат истата среќа, бидејќи и тие го заслужуваат тоа. Балканската турска литература го заслужува тоа и најсрдечно посакувам да во најблиска можна иднина и другите автори да се почестат со ова чувство“.

Настанот заврши со потпишувањето на книгите од страна на авторот.