Сеќавање на поетот Јахја Кемал Бејатли во родниот град Скопје

Yazıcı-dostu sürüm

Јунус Емре Институтот-Турски Културен Центар Скопје првиот чекор од проектот насловен „Важни Историски Личности“ го реализира со конференцијата посветен за животот и творештвото на поетот на цивилизацијата „Јахја Кемал Бејатли“.

Во говорот кој го одржа Доц. Др. Ертугрул Каракуш, Професор на Катедрата за Современи Турски дијалекти и книжевности при Факултетот за наука и книжевност на Универзитетот Киркларели на 21 Април 2017 год. во Старата Турска Чаршија Чифте Амам се осврна на родниот град каде што израснал, детството кое го поминал во некогашниот Османлиски град Скопје, каде што го дишел воздухот и го изградил својот идентитет, поетот на цивилизацијата Јахја Кемал Бејатли.

Доц. Др. Ертугрул Каракуш сподели важни информации во врска со животот и образованието на поетот во Скопје, Париз и Истанбул и наведе дека цитираме „Јахја Кемал и пред да објави песни бил познат поет и пред да објави книга со поезија бил избран за најдобар поет и воедно сеќавањето во чест на Јахја Кемал Бејатли во родниот град Скопје е еден од најубавите настани“.

На конференцијата на која се говореше за поетот на цивилизацијата присуствуваа Аташе за економија при Амбасадата на Р.Турција во Р.Македонија, Почитуван Г-дин Бунјамин Кутлу; Советникот при Аташе за религија на Амбасада на Р.Турција, Почитуван Г-дин Мурат Алкан; Ректорот на Мегународниот Балкански Универзитет, Почитуван Г-дин Исмаил Коџајусуфоглу; академици, ценети Професори преку Проектот за Турски јазик и книжевност на Јунус Емре Институтот во Р.Македонија, претставници на здруженија и организации и голем број на специјални гости.