"Тимот за Турско Традиционално Стрелаштво освои 1 (прво) место“

Yazıcı-dostu sürüm

Во градот Кахраманмараш во округот Туркоглу, Р. Турција на вториот по ред Фестивал за Турски Игри кој се одржа во период од 07 до 09 Јули 2017 год. под раководство на Пом. Доц. Д-р Селчук Куршад КОЏА се претставија и учествуваа курсисти од Р.Македонија „Тим за Турско Традиционално Стрелаштво од Институт Јунус Емре Скопје“ кои во натпреварот со останатите земји учесници на растојание од 20 метри остварија голем успех освојувајќи го првото место.

Нашите стрелци се враќаат со злато.

Во текот на натпреварот, Сердар АСАН од с. Новак, Центар Жупа како претставник на тимот во натпревар со учесници од 35 земји во светот беше награден со златен медал за освоеното прво место.

На крајот Нашите Стрелци кои остварија успеси во различните нивоа на натпреварот во стрелање ја претставија сопствената земја ј со постигнатиот голем успех.

Поддршката на Институтот Јунус Емре -Турски Културен Центар Скопје е многу важна

Пом. Доц. Д-р Селчук Куршад КОЏА во својот говор истакна дека цитираме „Со поддршка на Институтот Јунус Емре -Турски Културен Центар Скопје курсевите за Турско Традиционално Стрелаштво се одржуваат во историскиот објект на Куршумли Ан со што во Република Македонија внесува една нова возбуда. Како традиционален и индивидуален спорт стрелаштвото продолжува и понатаму воедно, поттикнувајќи ја и тимската работа истакнувајќи ѓи човековите вредности и обврзувајќи на дисциплинска работа. Како стар традиционален спорт кој повторно заживува во Р. Македонија и за безрезервната поддршка во обучувањето на идните генерации упатувам голема благодарност на Институт Јунс Емре- Турски Културен Центар Скопје“.

 

Потребна е Дисеминација на Турското Традиционално Стрелаштво

Од самиот почеток на курсот до денес истиот наиде на голем интерес кај приближно 150 заинтересирани курсисти. Во споредба со останатите градови, градот Скопје каде се одржува курсот наиде на огромен интерес. Поради проблемот со оддалеченост на градот Скопје од останатите градови заинтересираните курсисти упатија барање за отварање на курсот и во нивните градови и воедно истакнуваат дека се пресреќни затоа што ја претставуваат Македонија на еден ваков натпревар.