Турските Уметници се Сретнаа со Претставниците и Љубителите на Кинематографијата и Книжевноста

Yazıcı-dostu sürüm

Во рамки на литературниот фестивалот Про-за Балкан кој оваа година се организира по седми пат и кој со огромно внимание е следен од страна на љубителите на литературата, со поддршка на Институтот Јунус Емре Скопје турскиот актер и писател Ерџан Кесал познат по улогата „Идрис Кочовали“ во серискиот филм „ЧУКУР“, воедно и специјален гостин на фестивалот и познатиот турски сценарист-писател Тарик Туфан се сретнаа со љубителите на литературата и кинематографијата.

На настанот чии модератори беа Претседателот на фестивалот г-дин Дејан Трајковски и Уметничкиот директор на фестивалот г-дин Александар Прокопиев учествуваа и Заменик амбасадорот на Амбадаса на Р.Т. во Скопје г-дин Умут Лутфи Озтурк, претставници на турските институции и установи во земјава како и значајни претставници од областа на литературата и голем број на љубители на уметноста.

Претседателот на литературниот фестивал Про-за Балкан Дејан Трајковски истакнувајќи дека е особено среќен од приликата на угостување на двајца мошне значајни автори од Турција на овогодишното издание на фестивалот, рече дека размислуваат да еден од следниве фестивали да го забележат како „Година на Турција“.

Додека успешниот и искусниот актер од Турција Ерџан Кесал при неговото обраќање истакна дека касно се впуштил себе си во патот на глумењето и дека неговата вистинска професија е лекарството. Кесал наведе дека досега има објавено вкупно 8 книги од кои првата во 2013 година и дека причината за многуте дејствија во неговиот живот е „литературата“. Кесал го истакна следново: „И моето актерско дејствие, и интеракцијата со кинематографијата, и мојата сценаристска димензија па дури и мојата режисерска авантура... зад сиве овие искуства стои литературата. За да се биде добар актер, задолжително треба да се биде најпрвин добар читател. Читаното сценарио треба да се интериоризира. Имено, литературата е неразделив дел на кинематографијата“.

Кесал кој на средбата ги сподели своите искуства како сценарист и актер, наведе дека е среќен од интересот на младите генерации кон кинематографијата. Средбата која според својата содржина се одвиваше во својство на академски час, продолжи со прашања на фановите поставени кон Ерџан Кесал.

Еден друг еминентен писател на турската литература кој исто така по покана на Институтот Јунус Емре Скопје како учесник на меѓународниот литературен фестивал Про-за Балкан, Тарик Туфан, исто така учествуваше на настанот на кој ја имаше приликата заедно со неговите читатели да дебатира околу културата, уметноста, кинематографијата и книжевноста. Тарик Туфан воедно за неговите читатели ја потпиша и неговата книга преведена на македонски, „Не ме давај ним“.

Туфан при неговото обраќање велејќи дека „добрината и злото се резултат на човековиот труд“, рече дека кинематографијата и литературата всушност ги рефректираат вонреалните ново планирани светови на човековиот ум и дека човечкото битие секогаш е склонето кон љубезноста за подоброто и полошото.

Настанот заврши со фотографската изложба на фотографот Мустафа Дедеоглу со наслов „Од Истанбул кон Анадолија...“.