„Турското стреличарство низ историјата“ Изложба

Yazıcı-dostu sürüm

 Во главниот град на Северна Македонија, Скопје, се одржа инаугирацијата на изложбата со наслов „Турското стреличарство низ историјата“ 

 Претседателот на Големото Национално Собрание на Турција проф. д-р. Мустафа Шентоп денес ја отвори изложбата со наслов „Турското стреличарство низ историјата“ организирана во историскиот Куршумли Ан организирана од страна на Фондација на стрелци и Институтот Јунус Емре.

Претседателот Шентоп при неговото обраќање на инаугирацијата на изложбата со наслов „Турското стреличарство низ историјата“ организирана во главниот град на Северна Македонија, Скопје, од страна на Фондација на стрелци и Институтот Јунус Емре, истакнувајќи дека оваа изложба има свое историско значење, наведе дека организирањето на истата во ова историско место каде што познатиот турски стрелец Тозкопаран Искендер го постигнал својот несоборлив рекорд, го докажува и историски значењето на оваа изложба. 

 Шентоп истакна дека стрелата и лакот во древната турска историја се сметале за симбол на правдата и владеењето и дека токму затоа им се посветувало светост на окмегданите и истите биле перцепирани како парче од рајот. 

- „Овие активности уште повеќе ќе ги зајакнат нашите односи со Северна Македонија“ рече заменик министерот за култура и туризам на Турција Надир Алпарслан.

Алпарслан исто така истакна дека стреличарството има посебно значење како за турскиот народ, така и за Турција.

Истакнувајќи дека Турција има испишано 20 дела во Списокот на културно нематеријално наследство на УНЕСКО, Алпарслан наведе дека и турското стреличарство е заведено во УНЕСКО.
Додека Претседателот на Фондацијата на стрелци Хајдар Али Јлдз рече дека Скопје е град кој задолжително треба да се спомене кога се зборува за лак и стрела. „Како Фондација на стрелци, ќе ни претставува задоволство доколку дадеме придонес во насока на заживување на нашите традиционални спортови, на чело со стреличарството, како и во насока на битката на нашиот почитуван Претседател, г-динот Реџеп Тајјип Ердоган, во насока на перцепирање, градење и заживување на нашата цивилизација. Токму овие се основните цели и обврски на Фондацијата на стрелци. Наша примарна должност е да ја сносиме оваа одговорност.“ истакна Јлдз. 
По поздравните обраќања, во Куршумли Ан свечено се одбележи и репликата на камен бележникот на познатиот турски стрелец Тозкопаран Искендер.
На настанот воедно учествуваа и Претседателот на Уставен Суд на Република Северна Македонија Салих Мурат, Заменик началникот на Генералштаб на Северна Македонија Азим Нуредини, Амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, пратеници, градоначалници, како и претставници на турски институции и установи од земјава. 
Институт Јунус Емре