ВЕ ПОКАНУВАМЕ ДА ГО НАУЧИТЕ ТУРСКОТО СТРЕЛАШТВО И ДА ИМ ГО НАУЧИТЕ НА ДРУГИТЕ

Yazıcı-dostu sürüm

ВЕ ПОКАНУВАМЕ ДА ГО НАУЧИТЕ ТУРСКОТО СТРЕЛАШТВО И ДА ИМ ГО НАУЧИТЕ НА ДРУГИТЕ

Стрелаштвото кое уште од раното појавување на нациите на сцената на историјата претставувало елемент кон кој посветиле уважување и кое освен во ловство се развило и како воена дисциплина, во текот на целата турска историја бил неразделив дел и исклучителна карактеристика на турскиот идентитет. Со цел на презентација на традиционалното турско стрелаштво кое е составен дел на историјата на турската култура и зајакнување на врските со овој спорт на нашите претци, Институтот Јунус Емре во соработка со Фондацијата на стрелци го реализира проектот „Кеманкеш“ (Стрелец). Во рамки на досегашните активности на проектот, обучивме 72 обучувачи од 16 разни земји. На курсевите по турско стрелаштво досега учествуваа над 1000 учесници, кои се стекнаа со детални знаења на овој историски спорт. 

Сега и вие имате прилика во Институтот Јунус Емре Скопје лично да аплицирате на III. Обука за турско стрелаштво кое во периодот од 15-22 април 2019 ќе се одржи во Истанбул, каде што во спортскиот комплекс на гнездото на вековната вакуфска традиција, Теќето на стрелците, ќе имате прилика да следите обука за стрелаштво од врвните мајстори на овој традиционален спорт. Воедно ќе имате прилика во самата автентична историска атмосфера да ја доживеете турската култура. 

Курсистите кои ќе следат еднонеделна обука во Турција, потоа ќе имаат прилика во нивните земји како обучувачи да учествуваат на курсевите организирани од страна на нашите Институти, при што ќе им бидат обезбедени и соодветни извори во рамки на планот за обука на „Турско стрелаштво“ и рачно изработени материјали за стрелаштво. 

Целта на проектот „Кеманкеш“ е презентација на турското стрелаштво во светот и допринесување во насока на зголемување на интересот на идните спортисти кон овој древен спорт.

Датуми на аплицирање: 22 февруари - 4 март 2019
Место на аплицирање: Институт Јунус Емре Скопје
Адреса: Никола Кљусев 7а /Центар
Телефон: 023221232
E-пошта: uskup@yee.org.tr