во Арената Улкер Раскошна прослава по повод празникот на турскиот јазик

Yazıcı-dostu sürüm

Во организација на Институтот Јунус Емре, под покровителство на Претседателството  на Р.Турција во Спортската Арена Улкер во Истанбул оваа година по втор пат се одржа раскошна прослава посветена на празникот на "Турскиот јазик".

Во рамките на "Летното школо по турски јазик"  Институтот Јунус Емре  беше домакин на вкупно 540 студенти од 46 земји, програмата е рализирана во 16 различни реѓиони на Турција, крајот на програмата од  "Летното школо по турски јазик" беше крунисана со спектакуларна прослава посветен на празникот на турскиот јазик.

Од сцената на Спортската Арената Улкер во Истанбул, амбасадорите на културата приредија раскошна програма со наслов "Човекот и турскиот јазик" чија главна тема беше прикажување на развојниот процес на човекот од самото раѓање до смртта, и  упатија порака до светот. Студентите со нивната сценска изведба на целиот светот на “турски јазик“ упатија порака за мир, пријателство и љубов.

Минатата година првата програма посветена за празникот на турскиот јазик беше под покровителство на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, на која присуствуваа голем број на министри се одржа на 22 август, со учество на 500 студенти од 60 земји  реализирана во Спортската Арена Улкер во Истанбул.

На првиот дел од програмата на тема "Човекот и турскиот јазик" беше опфатена  развојниот процес на човекот од раѓањето до периодот за отслужување на воениот рок, како и теми од самото раѓање, детството, годините минати во основно училиште, годините на младоста со тема Хидрелез и денот на свадбата, беа изведени во придружба на народни танци и ора од различни реѓиони од Анадолија, Кавкас и Балканот.

Изведбата со тематика од денот на свадбата беше повод за доживување на емотивни моменти. Терористичкиот напад изведен за време на една свадба во Газиантеп, беше  осуден со порака проектирана преку проектор. На пораката беше изразено "Сочуство за сите граѓани кои беа убиени во ужасниот напад во Газиантеп. Со надеж и желба ниту една свадба, повеќе да не биде на ваков начин прекината, ниту една наша радост да не биде заменета со тага“.

 

ПОДОФИЦЕРОТ ОМЕР ХАЛИСДЕМИР СИТЕ ГИ РАСПЛАКА

Во финалето на првиот дел од програмата посветен на празникот на турскиот јазик беше заокружена со периодот отслужување на "воениот рок". Овој дел започна со читање на емотивно писмо на таткото напишан до својот син кој е на отслужување на воениот рок, а во позадината на екранот беше прикажан говорот на премиерот Реџеп Тајип Ердоган одржана на 15 јули кога се обраќаше на јавноста и од сопствениот глас, изрецитирана песна "Молитва" со што ги повика народот да излезат на улица и да застана во одбрана на земјата коплетирана со прикажување на слики со историско значење снимени за време на таа кобна вечер.

На сцената пропратени со слики абиентот беше преполнет со војници и со учество на голем број граѓани доби голем аплауз од страна на учесниците. Подофицерот кој стоеше напред пред војниците начинот на кој се претстви себеси "Јас подофицер Омар Халисдемир! заповедете господине Команданте!" беше толку впечатлив што сите учесници во салата, вклучувајќи ги и протокол заедно застанаа на нозе и со солзи во очите,  го поздравија чинот на  читањето на имињата на сите херои кои на 15 јули го положија својот живот во одбрана на татковината. Сцената со тема "отслужување на воениот рок" сите учесници во салата со молк оддадоа почит за сите загинати војници  и сите заедно со голема гордост ја рецитираа турската национална химна.

 

НАБИ АВЏИ : ОВА Е НАЈДОБАР ОДГОВОР ЗА ТЕРОРИЗМОТ

Министерот за култура и туризам Проф.Др.Наби Авџи, изјави дека прославувањето на празникот на турскиот јазик, воедно е “ најубав и најзначаен одговор за тероризмот", живеме во време кое во сите краеви од светот има голема потреба од љубов, мир и братство, токму затоа овој празник со тема “Човекот и турскиот јазик“ е апел за љубов и мир до целото човештво токму затоа ова активност е од огромно значење. Всушност овој апел е идентичен со апелот на Јунус Емре, “Дојдете да се запознаеме, работата да ни биде полесна, овој свет не останува за никого", рече тој.

Министерот за култура и туризам Авџи, меѓу другото истакна дека турскиот јазик е јазикот на нацијата кој оснивал големи цивилизации, воедно изјави дека турскиот јазик е меѓу водечките светски јазици во однос на употребата на јазикот, во текот на  историскиот процес како моќна река која прибрала голем фонд на зборови од сите континенти низ која течела, со која ја збогатила колоритот и мелодичноста на нејзината маја на музикалност и со таа комбинација ставила свој белег на зборовите и структурата на јазикот.

Авџи, истакна дека турскиот јазик е вкоренет и моќен јазик, со специфична структура и богат фонд на зборови, моќна да ја сноси турската историја, култура, уметноста и цивилизацијата.

Турскиот јазик е јазикот на љубовта, јазикот на љубовта и мирот изразени во творештвото на Ахмет Јесеви, Јунус Емре, Сари Салтук е најголемо богатсво за светот, тој во продолжение од своето обраќање рече:

"Нашиот јазик, не е јазик на уништувањето, јазик кој се уште е во развој, омраза кон мирот, јазик на омраза која сее семиња за одмзда, напротив турскиот јазик е јазик на сочувство, кое засадува семиња на милост, јазикот на нацијата на поезијата. Турскиот јазик, со векови преку правото и вистината се бори на земјината површина да го шири  мирот, довербата, правдата преку пораките на нашите миролубиви претци. Ценети и драги студенти кои во нашата земја пристигнаа како птици од седумте разни климатски предели од светот, вие веќе не сте наши гости туку сте најмили чеда на оваа земја.

 

Авџи, забележа дека, и покрај теророт сепак со гордост сите заедно го прославуваме празникот посветен на “турскиот јазик", како што знаете преживеавме гоелмо искушение и незаборавни тешкотии, но вие ценети студенти и покрај немилите настани што се случија во нашата земја без никакво двоумење го прифативте овој  предизвик и дојдовте во нашата земја Турција заедно со нас на улиците да ја промовираме демократијата, културата, поради тоа до сите наши ценети гости  студенти од различни земји од светот изразувам срдечна благодарност кои сакаат да го учат нашиот јазик и култура.“

 

ШЕРЕФ АТЕШ: ОВА Е ВАЖНА ПОРАКА

Претседателот на Институтот Јунус Емре Проф.Др.Шереф Атеш во своето обраќање потсети дека Институтот Јунус Емре во странство отвори 45 Турски Културни Центри и  80 контактни точки, од 2009 година, главната цел на овие центри е промовирање на Турција, турскиот јазик и култура, допринесуваат во развојот на пријателството на  Турција со другите земји, активно се залагаме се со цел да се зголеми и поттикне културната размена, рече тој.

Претседателот на Институтот Проф.Др.Шереф Атеш истакна дека интензивните културно дипломатски активности имаат единствена цел што повеќе да се зголеми бројот на пријатели на нашата земја додека изучувањето на турскиот јазик несомнено е  еден од најистакнатите активности. Како Институт Јунус Емре, ние се трудиме за оние кои имаат желба и интерес да го учат турски јазик, древните културни вредности и турскиот народ, да им обезбедиме тоа да го сторат на најдобар, правилен и искрен начин.

Значи, за разлика од тие кои криејќи се под скриени и темни сценарија сакаат да го оцрнат турскиот јазик, Институтот Јунус Емре, на чело со силната поддршка на нашиот Претседател, особено на можностите на нашата држава и искрените молитви на турскиот народ се стремиме изучувањето на турскиот јазик на вистински начин да го спроведеме од едниот до другиот крај на светот. Една од најважните јавни активности во ова рамка секако е летното школо по турски јазик која се одржува секоја година во  организација на нашиот институт. Оваа година, од 46 земји од светот присуствуваа  540 амбасадори на културата кои покрај обидот за државен удар прифатија да дојдат во нашата земја да изразат сочуство и да се прегрнат со нашиот народ, несомнено е многу важна порака" рече тој.

 

Проф.Др. Шереф Атеш во своето излагање изрази:

"Вкупно 540 амбасадори на културата кои живеат во различни континенти од Пекинг до Лондон, од Москва до Каиро, тука во главниот град на империите Истанбул, антички град на кој како што се обраќал еминентниот турски поет Неџип Фазил Кисакурек "Мил мој Истанбул", со пораката која е испратена до целиот свет е важен успех на нашата земја.

Институтот Јунус Емре со своите активности реализирани во различни земји од светот се залага да го обели образот на нашата држава и нашиот народ: Ние не само што обезбедувама изчување на турскиот јазик се трудиме да ја промовираме нашата музика, филмската уметност, културните вредности, нашиот менталитет и уметноста на сите народи и нации од различните религии и различни јазици во различни географски предели. Ние, нашата благотворна работа не ја вршиме сами, напротив со колективната мудрост на нашата држава, искуството и знаењето на Турција, се стремиме да го  промовираме турскиот јазик и уметност во странство. Ние нашата главна сила ја црпиме  токму од нашиот народ и со поддршка на сите државни институции, со заедничка координација и мотивација ги извршуваме сите наши активности.

Нашиот почитуван Претседател во една прилика рече: "Ако овие работи не ги правиме ние секако дека некој друг ќе ги прави" ова негово излагање секако дека за нас претставува должност и затоа Институт Јунус Емре "овие работи", а тоа значи да им излеземе во пресрет на сите тие кои сакаат да го научат турскиот јазик, турската култура и Турција за да ја постигнеме таа цел неуморно работиме, деноноќно со сета сила и моќ.

Во странство за да можеме непречено да ги реализираме "овие работи" за секое прашање ја имаме несебичната поддршка на нашиот ценет Претседател на Република Турција, почитуваниот г-дин Реџеп Тајип Ердоган, Почитуваниот Премиер г-дин Бинали Јилдирим, Претседателот на Одборот на Доверители и министерот за надворешни работи, г-дин Мевлут Чавушоглу, Министерот за култура и туризам г-дин Наби Авџи, членовите на одоборот на доверители а најважно нашата нација по тој повод би сакал срдечно да им се заблагодарам за укажаната помош и поддршка во остварувањето на нашата мисија.

Нашата земја во последните 15 години од политички и економски аспект речиси го прекорачи векот. Изградбата на нови мостови, поделени автопати, возови со голема брзина, аеродромите го сменија целокупниот изглед на ликот на Турција. Сите овие потези покажуваат дека Турција енормно се развива се обновува и на тој начин се збогатува. Архитектите на нова Турција се, нашиот почитуван Претседател и почитуваниот Премиер, кои вчера, свечено го пуштија во употреба новиот мост Султан Селим во Турција преку кое уште еднаш физички се поврзани Европскиот и Азискиот дел на градот.

Ние, исто така, како Институт Јунус Емре се трудиме преку пријателски мостови да ја поврземе рајскиот дел на нашата земја Анадолија со Европа, со Америка, Африка, Азија и Австралија а со тоа и луѓето од целиот светот да ги збилижиме кон Турција. Резултатите на нашите дела од она што го работиме не е видлива како на пример изградбата на еден пат или зграда не може веднаш да види. Но, со текот на времето,  верувајте дека садниците кои ние ги засадуваме, корените на стеблата кои ние ги засадуваме ќе  изразнат и ќе се зајакнат во текот на вековите и достојно ќе ја презентираат нашата нација во светот. Токму затоа секоја година спроведуваме бројни активности во различни земји од светот.

Еве, плодот од нашите долгогодишни активнбости се токму овие 540 студенти кои како амбасадори на културата ќе се стекнат со нови пријателства во Турција и во иднина секогаш ќе бидат покрај нас како вистински пријатели на Турција.

Почитуван Премиер, почитувани Министри сите вас ве поздравувам со почит, би сакал да ги поздравам сите оние кои присуствуваат и несебично не подржуваат во реализцаијата на овој за нас многу значаен празникот “Човекот и турскиот јазик “ .

ФОТОГРАФИЈА ЗА СЕЌАВАЊА НА 540 АМБАСАДОРИ НА КУЛТУРАТА

 

Вториот дел од  програмата со тема кариерата на човекот во рамките на празникот на турскиот јазик насловена “ Човекот и турскиот јазикот“  исто така беше опфатена и темата занаетчиска култура ткн. Ахилик култура. Танчерите кои со својата облека  презентираа различни занаети продолжи со прикажување на развојниот пат на еден млад чирак кој во почетокот на својата младост додека го учи занаетот мајсторот го советува малдиот занаетчија, пред се максимално го цени и да го почитува правото на муштериите, потенцирајќи дека секогаш со вагата треба точно да мери. Еснафот кој својата трговија ја вршел чесно и со алал за време на староста кога ќе се погледне во огледалото ќе се потсетува на младоста на се она што го учел и ќе се пресметеува со самиот себеси. Програмата заврши со сцена посветена на "Смртта" а потоа на сцената со турски знамиња во рацете излегоа Министерот за култура и туризам г-дин Наби Авџи, Претседателот на Институтот Јунус Емре Проф.Др. Шереф Атеш, 540 амбасадори на културата од 46 различни земји од светот заедно со знамињата на нивните држави и турското знаме заеднички позираа и се фотографираа за сеќавање на овој прекрасен настан.