Во Рамстор Мол - Скопје се одржаа Вечерите на Турски Филмови

Yazıcı-dostu sürüm

Во текот на жешките летни месеци Рамстор Мол - Скопје организира најразлични забавни активности и овојпат во соработка со Институт Јунус Емре-Турски Културен Центар Скопје на 19 Јули 2017 год. за љубителите на филмот беа прикажани филмот „Љубовта ѓи сака случајностите“ како и филмот „Ертугрул 1890“ кој беше прикажан на 26 Јули 2017 год.

Публиката од една страна имаа можност да погледнат на една љубовна приказна прикажана на носталгиски начин со популарни културни елементи, музика, стил на живеење кои се чуваат од заборав во Р.Турција во периодот на 80-тите, 90-тите, 2000-та година, а од друга страна публиката имаше можност да ја погледне приказната за Ертугрул и Јапонскиот народ и напорите за спасување на екипажот, приказна за периодот во 1890та година и потонувањето на 
Османлиска фрегата во водите на Јапонија и во 1895 год. кога двеста и петнаесет (215) јапонски државјани кои беа заглавени во Техеран по налог на 
Република Турција беа спасени.

Изразуваме благодарност до Рамстор Мол- Скопје благодарност за соработката.