Во Скопје се прослави 21 декември – Денот на турска настава

Yazıcı-dostu sürüm

Во главниот град на Северна Македонија, Скопје, се прослави 21 декември – Денот на турска настава.

По овој повод, со поддршка на Институтот Јунус Емре и ТИКА, од страна на Сојузот на турски невладини организации во Северна Македонија – МАТУСИТЕБ беше организиран симпозиум со наслов „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и во Источна Европа“ и свечен прием на 21 декември – Ден на турска настава.

На симпозиумот со наслов „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и во Источна Европа“ учествуваа Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција Проф. д-р. Мустафа Шентоп, Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Талат Џафери, Претседателот на Уставен Суд на Република Северна Македонија Салих Мурат, Амбасадорот на Република Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, претставници на турски институции и установи, пратеници, професори и академици, претставници на бизнис заедницата и голем број на поканети.

По симпозиумот на кој со нивните излагања учествуваа 20 научници од 13 различни земји, се одржа свечениот прием по повод „21 декември – Ден на турска настава“.

На свечениот прием на кој беше потенциран ставот во насока на зачувување на вековното наследено пријателство и развивање на истото, беше потцртано дека освен негувањето на турскиот јазик од страна на младите претставници на турската заедница во земјата, се посветува големо внимание и на добивањето на квалитетно образование на младите и создавањето на соодветните услови во таа насока и дека со оваа цел, вниманието и поддршката на Република Турција кон Република Северна Македонија и обостраната соработка, ќе продолжи и во следниот период.

Во рамки на настанот, им се доделија наградите на учениците и студенти добитници од ниво на основно, средно и високо образование кои учествуваа на натпреварите по цртање, поезија и композиција со наслов „Нашиот мајчин јазик, турски“.

Настанот заврши со музичка изведба на традиционална и класична турска музика.