×

Error message

Notice: unserialize(): Error at offset 4 of 4 bytes in variable_initialize() (line 1202 of /home/yeeorg/public_html/includes/bootstrap.inc).

Започна курсот за традиционално турско стрелаштво во Северна Македонија

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот “Јунус Емре” - Скопје, Фондација на Стрелачи, Здружението на традиционално турско стрелаштво - Скопје и Здружението на Генч Калемлер, со цел во културолошка смисла да заживее традиционалното турско стрелаштво во Северна Македонија, да се етаблира турско-исламскиот културен елемент на стрелаштвото помеѓу широките народни маси и стрелаштвото да се одржи во живот како социјална култура, започна со курсеви за стрелаштво во градовите Скопје и Гостивар.

Програмата за отворање на курсот, иницирана за да им овозможи на младите генерации да научат за традиционалното турско стрелаштво и да стекнат поинаква вештина, се одdржа во историското место “Куршумли Ан ” во Скопје. Од друга страна, отворањето на курсот во Гостивар се случи на 20 март во ОУ “Мустафа Кемал Ататурк”.

Директорот на Институтот “Јунус Емре” - Скопје, Серхат Кула, во својот говор, изјави дека во согласност со протоколот што е направен со Фондацијата “Стрелци” во 2015. година, заедничката соработка продлжува и вклучува обуки за стрелаштво, изложби и промоции на стрелачката култура и академски истражувања за историја на стрелаштво.

Истакнувајќи дека со поддршка на Институтот “Јунус Емре“, веќе подолго време ја продолжуваат обуката за стрелаштво во Северна Македонија, Кула рече: „Досега ќе имаме две активности во градовите Скопје и Гостивар. Овие се во одделни групи. Во првата група се возрасни мажи, додека во втората група се возрасни дами и деца. Досега добивме околку 150 апликации од заинтересираните кандидати. Ова секако е само за почеток. Се надевам дека најдоброто допрва ќе дојде“, кажа Кула.

Објаснувајќи дека Институтот “Јунус Емре“ ги поддржувал стрелците за време на формирањето на Турскиот клуб за стрелаштво во Скопје, Кула рече дека 9 инструктори ќе дадат свој придонес во курсеви за стрелаштво кои  ќе траат 2 месеци.

Во рамките на програмата, беше посетена изложбата насловена „Историската авантура на турското стрелаштво“.

Особен интерес за првиот час

На првиот час, на кандидатите им беше објаснето што значи традиционалното турско стрелаштво, лакот, стрелата и техниката, како и разликите помеѓу турскиот лак и стрела и западниот лак и стрела.

На првиот час, на кој присуствуваа приближно 150 лица, кандидатите имаа можност да направат по едно пробно стрелање. На кандидатите детално им беа објаснети сите правила за безбедно стрелање и почитување на правилата за безбедност.

Курсевите по традиционално турско стрелаштво во Скопје и Гостивар, наидоа на голем интерес, при што се пријавија 150 лица.

Курсот, кој беше официјално отворен на историското место “Куршунлу Хан” во Скопје на 19 март и во основното училиште “Мустафа Кемал Ататурк” во Гостивар на 20 март, ќе продолжи до 15 мај. 2021. Година.

Diğer Etkinlikler

Институтот “Јунус Емре” - Скопје, Фондација на Стрелачи, Здружението на традиционално турско стрелаштво - Скопје и...

Институтот “Јунус Емре” - Скопје, Фондација на Стрелачи, Здружението на традиционално турско стрелаштво - Скопје и...