“Звуци на класична музика на 25. Интерфест Битола“

Yazıcı-dostu sürüm

Во рамките на „25. Интерфест Битола“ заеднички настап одржаа светско познатиот сопран од Државна опера и балет на Самсун – Седа ОРТАЧ, членот на Берлинскиот симфониски оркестар Ханде КУДЕН и професорката при Универзитет Истанбил и пијанистката Џана Ѓурмен.

На концертот одржан во НУ Завод и Музеј на Битола со поддршка на Институтот Јунус Емре Скопје, присуствуваа голем број на љубители на музиката од Битола.

Сопран Седа ОРТАЧ, преку изведените дела им приреде незаборавна вечер на македонските љубители на музиката кои преку овој концерт за прв пат ја имаа приликата на следат оперска изведба на турски јазик.

Во име на Институтот Јунус Емре срдечно им благодариме на еминентните уметници кои со нивното ценето присуство го почестија јубилејниот „25. Интерфест Битола“ и им посакуваме успех во нивните настапи на национално и меѓународно ниво.